Teachers - Наставници

10 Карактеристики кои треба да го красат современиот и рационален наставник

Не сака непродуктивни состаноци

Не му е по волја кога директорот или пак училиштниот стручен соработник ќе свика состанок со одделенските или пак со предметните наставници, а она што е тема на разговор се однесува само на неколку наставници. Тој знае јавно да искоментира дека не требало да бидат поканети сите наставници бидејќи состанокот не ги опфаќа сите нив или пак информацијата која се споделува на состанокот можела да се проследи по е-маил, а на состанокот трабало да бидат повикани само наставниците за кои се однесува темата за кој е свикан истиот. Нему овие состаноци му изгледаат како фарса и непотребно губење време.

Сака да е во тек со она што го сакаат неговите ученици

Овој наставник сака да е во тек со сè што сакаат и мразат неговите ученици. Тој се труди да биде во тек со музиката која ги интересира и ја слушаат; сака да е во тек со филмот кој во моментот за нив е хит; сака да знае кои се популарни места каде тие сакаат да излегуваат (за учениците средношколци, па и оние од повисоките одделенија од основното образование); сака да знае која фризура е во тренд и која облека и боја е хит во тековната сезона. Ова е добра особина затоа што на тој начи наставникот е во тек со неговите ученици и знае како да ја креира наставата, а исто така знае полесно да се справи и заеднички со учениците да ги решат проблемите кои ги мачат. Во сето ова има опасности на кои наставникот треба да внимава, а тоа е  бришење на линијата која ги дели наставникот и ученикот, а во случајов учениците тоа знаат и да го злоупотребат како и тоа наставниците да попримат изрази и жаргони од вокабуларот на нивните ученици за сметка на стандардниот македонски јазик.

Има отпор кон владините образовни политики кои не се доволно аргументирани

Му сметаат владините образовни политики кои се само гол популизам без истите да се темелат на претходни планирања и истражувања. Не сака брзоплето воведување на образовни програми и проекти во неговата училница кои наместо да продуцираат напредок, внесуваат во образованието уште поголем хаос. Посебно има отпор кон воведување нови образовни програми и проекти за кои од страна на државата не се обезбедени доволно средства, па самите тие се приморани да ги набавуваат од сопствен џеб.

Настојува со родителот да има партнерски однос

Настојува со родителите да изгради партнерски однос за да со заеднички сили и настојувања позитивно влијаат на напредокот на учениците. Не сака да има сервилен однос кон родителите и да се согласува и да ги аминува сите нивни предлози и настојувања, посебно не оние кои се недоволно промислени. Се труди овој пристап да го наметне и да го имаат сите негови колеги во училиштето, а тоа подразбира да ги почитуваат правилата, прописите, стандардите и критериумите и да не подлегнуваат под притисоците на родителите и сите фактори кои на директен и индиректен начин деструктивно влијаат на кредибилитетот и угледот на наставникот.

Го почитува работното и слободното време

Рационалниот наставник навреме доаѓа на работа, онака како што е пропишнао. За време на паузите помеѓу часовите точно го почитува времето без да доцни на час за сметка на разговори во наставничката канцеларија со колегите или пак разговори со колегите по ходниците, за да подоцна изгубеното време би морал да го надомести со одолговлекување на часот за време на училиштниот одмор со што би им го ускратил одморот на учениците или пак да навлезе и да одземе дел од другиот час на неговиот колега или пак едноставно набрзина, најчесто неквалитетно, да го реализира часот со онолку време колку му преостанало. На родителите јасно им има дадено до знаење кога може да го контактираат посебно кога е дома бидејќи и наставникот има право на слободно домашно време кое сака да го помине безгрижно во домашен амбиент без некој да го вознемирува.

Не сака манипулации и озборување

Овој наставник воопшто не сака да манипулира, односно на тој начин да ги реализира своите планови и барања, за сметка на неговите колеги или пак другите вработени во училиштето. Исто така не сака да учествува во озборувања кои се поврзани со колегите, а посебно не со учениците.

Праведен е во училница

Поедеднакво се грижи и подеднакво е посветен кон сите ученици во паралелката без некого да фаворизира или пак да има свои миленици. Го почитува вложениот труд и посветеноста кон учењето и адекватно ги наградува согласно пропишаните стандарди и критериуми. На учениците им посочува што е прифатливо однесување за еден ученик. Промовира соработка и поддршка помеѓу учениците во училницата и училиштето.

Мотивира и поттикнува

Ги поддржува и поттикнува учениците во однос на активностите кои се поврзани со воспитно-образовната дејност и сè она што е поврзано со нивната возраст кое немора да е директно поврзано со воспино-образовниот процес, но сепак е во согластност со нормите на пристојно и прифатливо однесување.

Учениците ги подготвува за животот

Се труди знаењето кое им го пренесува на учениците да биде низ практични примери кои се блиски и разбирливи за нив и се во согласност со нивната возраст. Намерата му е таквото стекнато знаење учениците без проблем да можат да го применат во реалниот живот.

Дава личен пример

Преку неговото однесување и надворешен изглед дава личен пример на учениците. За таа цел тој пристојно се облекува и однесува на начин кој е во согласност со прифатливите норми на однесување и комуницирање.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.