Teachers - Наставници

Кои држави во САД нудат најдобри услови за работа на наставниците за 2019 година

Различни држави нудат различни поволности на нивните наставници и тоа во однос на различни сегменти од наставничката работа. Конкретно кај нас во нашата држава, во јавните училишта важат исти закони и прописи во однос на работата, а истото се однесува и во однос на личните примања. Во некои држави во светот, зависно од нивната уреденост, важат различни закони и прописи, а тоа подразбира различни услови за работа и различни лични примања на наставниците. Да видиме како е ситуацијата во САД каде има 50 држави и каде секоја држава има свои закони и прописи во делот на образованието, а со самото тоа и различни услови за работа и различни лични примања во однос на наставниците.

Плата

Како во повеќето држави во светот така и во САД платата е болна точка и неизбежна тема за дискусија во наставничките кругови. Во САД највисоки просечни годишни плати од 70.000 долари имаат наставниците од државите: Њујорк, Калифорнија, Конектикат, Масачусетс и Вашингтон. Но гледано од точка на трошоците за живот ниту една од овие држави не го зазема едно од првите 5 места во САД во однос на удобен живот на наставниците согласно нивните примања. Од гледна точка на плата и животните трошоци подобро е да се биде наставник во Мичиген, Илиноис, Пенсилванија, Вајоминг или Охајо.

Бројот на ученици во паралелка

Кога работите како наставник покрај платата битни се и други услови, како на пример обемот на работа кој тесно е поврзан со бројот на ученици во паралелка. Со сигурност може да се каже дека наставникот може да понуди повеќе и да даде повеќе кога работи во паралелка со помал број на ученици бидејќи во тој случај има повеќе време за индивидуален приста кон секој ученик и потемелно да ја согледа и вреднува неговата работа. Од оваа гледна точка најдобро е да се биде наставник во Вермонт или Мејн каде просекот на ученици во паралелка се движи околу 12 ученика или пак во Алабама, Северна Дакота и Њу Џерси, каде просекот на ученици по паралелка се движи околу 13 ученика.

Финансирање по глава на ученик

Поддршката на училиштата со нагледни средства за работа е многу битен сегмент во реализирањето на успешен воспитно-образовен процес. Гледано од овој аспект има разлика од држава до држава во САД, па така Њујорк и Алјаска трошат повеќе од 20.000 долари по ученик, а потоа следат Вашингтон, Конектикат и Њу Џерси. Ваквиот пристап во државата Њујорк предизвикува да има добар интерес во нејзините јавните училишта.

Напуштање на професијата

Еден од индикаторите за добар однос на државата кон наставниците е и податотокот со кој интензитет тие ја напуштаат професијата на годишно ниво. Училиштата во кои одливот на наставници не е евидентен во голема мерка значи дека таквите училишта се грижат за нивните наставници. Напуштањето на професијата наставник на годишно ниво во САД е 8%, причините се најразлични, но во државата Кентаки тој процент е 3,5% од вкупниот број наставници кои предаваат во државата, а во првите пет држави во кои наставниците во помал број ја напуштаат наставата се наоѓаат и државите: Монтана, Мисури, Њујорк и Алабама.

Севкупни услови за работа Училиштата кои водат сметка за севкупното успешно функционирање се училишта кои се посакувани не само за работа од страна на наставниците, туку се посакувани и како училишта од страна на учениците каде тие ќе посетуваат настава. Во сеопфатна студија во која биле содржани 25 различни категории за утврдување на работењето на училишта во САД во однос на нивните перформанси на делување, првото место припаднало на училиштата во државата Масачусетс. Училиштата во оваа држава не само што биле оценети како најуспешни во севкупниот училишен систем, тие биле оценети и како најбезбедни училишта во САД. Во првите 5 држави во севкупното вреднување на квалитетот во училиштат во САД според 25 различни категории се нашле и училиштата во: Њу Џерси, Конектикат, Њу Хемпшир и Вермонт.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.