Како туторот треба да му помага на ученикот во учењето

Како туторот треба да му помага на ученикот во учењето

Работата на туторот се состои во тоа што тој му помогне на ученикот во неговото учење преку индивидуален пристап. Со помош на тутор ученикот полесно го совладува наставниот материјал бидејќи туторот се приспособува на потребите на ученикот во однос на учењето. Преку овој пристап, ученикот со тек на време развива соодветни вештини кои ќе му го олеснат понатамошното учење. Помошта на туторот во однос на учењето на ученикот може да се согледа преку:

Индивидуален пристап во учењето

Ученикот добива индивидуална помош во учењето која не може секогаш да му биде овозможена од страна на наставникот, со оглед на бројот на ученици во паралелката. Туторот преку индивидуалниот пристап соодветно ги прилагодува наставните содржини согласно потребите на ученикот.

Подучување еден на еден

Туторот го запознава индивидуалниот начин на учење на ученикот кој има потреба од него, а потоа соодветно го адаптира приодот кон ученикот во однос на учењето како и примената на соодветни методи и техники на учење кои се прифатливи за ученикот.

Обезбедува соодветен работен простор

За време на учењето со ученикот туторот е свесен дека треба да обезбеди соодветен простор, односно соодветно непосредно опкружување каде вниманието на ученкот нема да биде привлечено од нешта кои би му пречеле во процесот на учење.

Конкретно насочување кон надминување на проблемот

Туторот во неговата работа конкретно се насочува кон надминување на проблемот кој се однесува на учењето на ученикот, а кој може да биде поврзан со пишување, читање, сметање итн.

Работа на конкретни и специфични потреби

Наставникот го подучува ученикот секојдневно во однос на тоа што треба тој да усвои, а потоа врши проверка и оценување колку предаденото е усвоено. Туторот работи со ученикот конкретно на специфични задачи и проблеми каде тој покажува слабост и недоволно знаење во однос на наставниот материјал и работи со ученикот како тие проблеми да се надминат. Исходот е подобро разбирање на наставниот материјал кој не бил доволно разбран од ученикот, како и зголемување на оценката на ученикот за тој наставен предмет.

Позитивен став кон учењето и училиштето

Туторот преку храбрење и мотивирање на ученикот за време на индивидуалната работа со него придунесува ученикот повеќе да не се чувствува фрустрирано, а учењето почнува да му станува позабавно на ученикот и тој во однос на истото почнува да чувствува задоволство.

Соодветно управување со активностите

Преку туторирањето ученикот станува покомпетентен во однос на навиките поврзани со учењето и поуспешното управување со обврските кои произлегуваат од училишното работење.

Ученикот станува самоиницијативен

Преку работата со тутор ученикот почнува со тек на време самиот да презема иницијатива во однос на неговиот пристап кон училиштето и активностите кои произлегуваат, односно се поврзани со него. Ученикот исто така почнува да гради сопствено темпо на учење.

Ја јакне самодовербата

Преку туторството ученикот стекнува поголема самодоверба во однос на она што работи, а исто така ја зголемува довербата и во однос на оние со кои работи.

Ги подобрува навиките за работа

Преку туторскиот пристап и начин на учење, ученикот стекнува навики кои нема да му бидат од корист само во однос на учењето, туку воопшто во целокупниот живот. Стекнатите навики на ученикот ќе му бидат од корист успешно да ги планира и поставува сопствените цели кои нема да бидат поврзани само со училиштниот живот, туку ќе бидат поврзани со целокупното општествено живеење.

Созадава независен и одговорен ученик

Преку туторството, со тек на време ученикот станува способен самостојно да работи на училиште. На тој начин почнува самостојно да се развива и да презема одговорности за неговиот однос и неговите постапки.

Поттикнува слободна комуникација

Преку работата со тутор учениците кои се плашат или пак се чувствуваат непријатно да постават прашање пред своите врсници, со тек на време го надминуваат овој проблем за да подоцна без страв поставуваат прашањеа за сѐ она што ги интересира и е поврзано со наставата, а исто така се вклучуваат слободно во комуникација и слободно ги искажуваат сопствените ставови и размислувања.

Ја подобрува социјализацијата на ученикот

Работата со тутор позитивно влијае во однос на надминување на проблемите кои ученикот може да ги има при комуникацијата и однесувањето со неговите соученици и останатите врсници, што значи позитивна социјализација и адекватно вклучување во заедницата.

Делува поттикнувачки

Туторот во работата позитивно влијае на ученикот кој не е доволно стимулиран. Тој него го активира и стимулира да даде целокупен допринос, односно максимум при учењето.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.