Teachers - Наставници

Како да изготвите пригоден наставнички говор

Наставничката работа покрај реализацијата на воспитно-образовниот процес, од наставниците бара во дадени ситуации да се обратат кон јавноста со одреден пригоден говор. На изготвувањето говор преку кој наставникот ќе се обрати пред учениците, колегите или пак општо на јавноста не треба да се гледа како на нешто страшно и невозможно. Треба да се усвојат основните вештини и знаења за пишување говор (лесно може да ги најдете на интернет), а потоа преку рационално користење на информациите кои ги поседувате ќе го конципирате самиот говор.

Следуваат насоки како да напишете говор кој се однесува на завршната манифестација за учениците кои завршуваат основно образование или пак учениците кои завршуваат средно образование (матуранти).

Говорот може да го започнете со изреката на Елеонора Рузвелт – „Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа“.

Вовед: Прво се обраќате на водечките личности во публиката, а потоа и на полуматурантите, односно матурантите, зависно од приликата во која се обраќате. „Добредојдовте почитуван градоначалник, директор, заменик директор, колеги наставници, родители, пријатели“, а потоа им се обраќате на учениците и за време на целиот говор акцентот го имате ставено на нив. „Посебна чест и задоволство ми причинува да сум дел од оваа свечена манифестација и заедно со вас да ја споделам радоста поврзана со вашето…“

Главен дел: Сетете се на спомените и случките поврзани со учениците кои се центар на внимание на манифестацијата и истите потрудете се да ги ставите на хартија. Потрудете се истите да бидат пренесени јасно и концизно. Напишете ги успешните приказни и случувања за време на нивното школување. Споменете како сите наставници се труделе да го дадат сопствениот придонес за време на школувањето на учениците за да од нив создадат личности кои во утрешнината спремно и подготвено ќе можат да се соочат со сите предизвици кои ги носи животот.

Во говорот задолжително внесете хумор, но немојте да претерате со истиот. Како говорник може да изнесете лични искуства поврзани со школувањето на учениците кои ви оставиле посебен впечаток и кои никогаш нема да ги заборавите. Секако, внимавајте истите да бидат во позитивен контекст.

Заклучок: Во заклучниот дел од говорот треба да ги сумирате сите важни поенти. Потрудете се да споделите некои инспиративни мисли со учениците за кои е организирана манифестацијата. На крај посакајте им среќа и успех во животот кој е пред нив.

Трудете се речениците кои ќе ги користите во говорот да ви бидат кратки, прецизни и со јасна мисла. Немојте да користите навредливи зборови затоа што на тој начин го намалувате значението на свечениот чин на манифестацијата и го намалувате значението на пораката која сакате да ја испратите. За време на целиот говор потрудете се да ги пронајдете вистинските зборови со кои ќе го привлечете вниманието на присутните.

Изреки за инспирација кои може да ги употребите во вашиот говор:

„Верувај во себе и во сѐ она што си ти. Знај дека во себе имаш нешто што е поголемо од било која пречка“ (Кристијан Д. Ларсон).

“Ако не можете да летате тогаш трчајте, ако не можете да трчате тогаш одите, ако не можете да одите тогаш ползете, што и да правите, само продолжете напред” (Мартин Лутер Кинг Џуниор).

“Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа” (Елеанор Рузвелт).

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.