Uncategorized

Споредба на учебната година со квалификациските натпревари на нашите ракометари

Како наставник си онолку добар колку и тимот околу тебе е добар

Може да бидеш и Кире Лазаров во наставата, но ако опкружувањето и поддршката не е на ниво како тим (училиште) нема и ти да бидеш сосема добар. Колку и да си добар во својата професија доколку немаш соодветна поддршка од одговорните во училиштето, колегите  и другите релевантни институции (инфраструктура, услови за работа, соработка, нагледни средства итн.) и ти заедно со својот тим (училиштето) нема да бидете добро вреднувани, на пример, за време на интегралната евалуација.

Очите на јавноста се вперени во вас

Ракометот како популарен спорт во кој како држава постигнуваме добри резултати предизвикува интерес во јавноста. Истото е и со наставниците. Нивната работа предизвикува голем интерес во јавноста, конкретно се интересираат: родителите, надредените, општината, инспекторите, советниците итн. Сите претходно споменати се заинтересирани за тоа што прават наставниците и на кој начин го прават тоа.

Сите мислат дека вашата работа не е тешка

Сите навивачи во нашата земја кои го следат ракометот мислат дека ги имаат најрелевантните одговори во однос на играта на нашата репрезентација. Тие си мислат дека точно знаат во секоја ситуација како треба да се игра и тоа јавно го коментираат. Истото е и во наставата, многу надворешни набљудувачи кои не се директно поврзани со наставниот процес си земаат за право да коментираат како би требало наставникот да ја реализира наставата.

Добра одбрана е цврста одбрана

Кога нашите ракометари играат со репрезентација која е понадмоќна од нив, треба да најдат соодветен начин како да го минимизираат или спречат нивниот убиствен напад. Истото важи и кога наставникот  е во училница со голем број хиперактивни ученици. Со самото влегување во училница од однесувањето на учениците тој треба да е во дефанзивна ситуација. За да не биде вака тој уште веднаш треба да постави цврста одбрана преку задавање голем број активности на учениците за да тие цело време бидат активни и не ја реметат наставата.

Тренирањето (учењето) е клучот до успехот

Учениците често имаат перцепција дека училницата е поле за нтпревар помеѓу наставниците и учениците. Но вистината не е такава, наставникот е тренер и играч и тоа играч кој е на страната на учениците. Наставникот во текот на целата година ги тренира учениците во насока на стекнување знаење, а кога ќе дојде време за сумарно оценување на учениците и тој е толку загрижен колку и учениците во однос на тоа каков ќе биде нивниот постигнат резултат. Дури и најталентираните играчи (ученици) имаат потреба од тренинг за да се покажат во вистинско светло на светското првенство (сумарната оценка која ќе ја добијат).

Користење на разновидни тактики

Во ракометот, а и во другите спортови, не треба да применувате само една тактика за време на натпреварот затоа што одбраната на другата екипа ќе ви ја открие тактиката, а тоа нема да биде добро за вас. Истото е и со наставата, наставникот ако постојано користи едно исто планирање и секогаш применува ист пристап на работа со учениците, наставата ќе им стане досадна, нема доволно да бидат посветени во однос на истата. Од тие причини наставникот не треба да биде предвидлив во начинот на работење, треба во работата да внесе разновидност, креативност и иновативност (како и во спортот, конкретно во случајов во ракометот, разни тактики на игра) за да учениците постојано ги држи на штрек и тие да бидат фокусирани на наставата.

Способност за импровизација

Во дадена ситуација добро изготвено планирање, форми и методи на работа (тактики) нема да можат да ве спасат. Тоа едноставно нема да зависи од вас туку може да зависи од моментот или пак од непредвидена ситуација која ќе се случи на теренот (во училницата), едноставно работите ќе тргнат сосема понаку од она како сте планирале. Затоа, во секоја прилика мора да имате подготвено план Б.

Учебна година = квалификациски натпревари

Играчите за време на квалификациските натпревари (ракометарите на нашата репрезентација) имаат тешки и напорни подготовки, а потоа и натпревари кои бараат физичка и психичка издржливост. Истото е и со наставниците. И тие имаат за реализација на една учебна година која од нив бара соодветна подготовка и добра физичка и ментална состојба за да успешно го реализираат воспитно-образовниот процес.

Крајот го краси делото

Кога репрезентацијата ќе се квалификува на светското ракометно првенство тоа значи дека сите напори, тренинзи и труд не бил попусти. Истото е и со работата на наставникот. Наставникот ако сѐ уште е во „форма“ на крајот од учебната година и е „активен во играта“, тоа значи дека сите негови заложби во однос на воспитно-образовниот процес не биле попусти.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.