10 Нешта кои ги рзбираат само наставниците со подолг работен стаж – разберете ги и вие

10 Нешта кои ги рзбираат само наставниците со подолг работен стаж – разберете ги и вие

  • Изградено чувство за време

Со текот на годините, наставникот со долг работен стаж има изградено чувство за време, посебно кога станува збор за временската рамка за реализација на еден наставен час. Тој во себе има биолошки часовник кој точно работи до секунда. Наставната содржина ја реализира во точно предвиденото време за реализација на еден наставен час. Нему не му се случува да му недостасува време за реализација на наставната содржина или пак да ја реализира за 20 минути за да подоцна не знае како да го пополни остатокот од наставниот час.

  • Справување со учениците од пониските одделенија

Учениците од пониските одделенија се многу непредвидливи во однесувањето што на наставниците со помал работен стаж им создаваат големи проблеми во однос на справувањето со нив, па затоа тие често се приморани да бараат помош од претставниците од стручната служба или пак некој друг колега. Поискусните наставници со долг работен стаж го немаат овој проблрм. Тие знаат да се справат со секој предизвик кој произлегува од непредвидливото однесување на учениците.

  • Отрпнати се на несоодветното однесување на другите

Без разлика дали е во прашање неприфатливо однесување од ученикот кон наставникот; непристојно однесување и изнесување неиздржани коментари од родителот; напад на интегритетот и личноста од страна на колега или претставник од стручната или раководната служба, наставникот- ветеран ги знае сопствените вредности и во најголем број случаи смирено реагира на ваквите провокации.

  • Се грижи за себе и за оние околу него

Долгогодишното искуство допринело тој соодветно да знае да ја процени секоја ситуација и во однос на истата правилно да реагира за да не се загрози себеси и оние кои ги подучува и воспитува како и оние кои се во неговото опкружување.

  • Планирања

На наставниците со долг работен стаж претставникот од стручната служба знае да не им ги прегледа исцрпно нивните планирања, а често се случува на оние наставници кои имаат уште неколку години до пензија и да не им бараат да изготвуваат планирања (што како начин на постапување не е во ред).

  • Знаат како да се снајдат

И искусните наставници во дадена ситуација не знаат како да постапат, односно што да направат. Но, за разлика од нивните помлади колеги, нивното стекнато искуство и рутина им дозволува да импровизираат и да се однесуваат дека нештото беспрекорно го знаат, односно да се справат со предизвикот.

  • Соработка

Низ годините поминати во воспитно-образовната работа знае дека соработката со колегите многу го олеснува воспитно-образовниот процес. За таа цел нема проблем да сподели алатки, техники, методи, содржини, ресурси итн. со колегите, а исто така да примени нешто што е споделено од нивна страна. Тоа не е секогаш пример со наставниците со помал работен стаж.

  • Ги знае потребите на секој ученик од училницата

Наставникот-ветеран, преку долгогодишната работа со децата научил како да ги препознае индивидуалните потреби на секој ученик од паралелката и соодветно да реагира на истите со цел задоволството да биде обострано, и за ученикот и за наставникот.

  • Ја носи работата со себе дома

Често знае дома во чанта со себе да донесе документација поврзана со наставата (писмени работи, тестови, наставни ливчиња, наставни планови итн.) но, исто така често знае чантата со документацијата да ја врати недопрена назад во училиште .

  • Знае дека училиштето е онолку добро колку раководството на училиштето е добро

Наставникот со долг работен стаж низ годините осознал дека квалитетот на работењето на училиштето најмногу зависи од неговиот директор. Како тој ќе се постави кон работата и какви правила на однесување, работење и соработување ќе изгради и примени во училиштето, толку во училиштето ќе се создаде пријатна клима за работење и постигнување на позитивни резултати на секое поле.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.