Students - Ученици

15 Совети кои ќе ви бидат од полза при оценувањето на вашите ученици

При оценувањето на учениците секогаш треба да се држите до пропишаните критериуми и стандардите кои се поврзани со целите од наставната програма која ја реализирате. Но, исто така треба да внимавате и на одредени фактори кои се поврзани со состојбата на учениците и опкружувањето во кое тие функционираат, а кои многу влијаат врз процсот на оценување и со самото тоа на оценката.

Проверете:

  • Дали ученикот може да го користи наученото од претходните часови и дали врз тоа стекнато знаење може да го надогради и поврзе новото знаење кое произлегува од новите наставни содржини?
  • Дали ученикот стекнатото знаење го применува при изготвување на доделени работни задачи од наставникот (проект, вежба, изработка итн.)?
  • Дали ученикот стекнатото знаење го споделува со домашните (родители, брат, сестра) и дали тоа му причинува задоволство?
  • Дали при одговарањето на поставените барања од страна на наставникот одговорите на ученикот се засновани на креативно и критичко размислување?
  • Дали ученикот за време на наставата е активен? Дали ученикот за време на наставата учествува во дискусии изнесувајќи сопствени видувања, размислувања и ставови? Дали при изнесувањето на истите тие се темелат на издржани размислувања, факти и докази?
  • Дали ученикот е подготвен за соработка со неговите соученици, односно дали им нуди помош на соучениците кога таа им е потребна?
  • Дали за време на наставата фаќа забелешки во однос на она што наставникот предава, а кои информации не се наоѓаат во учебникот?
  • Дали ученикот првично самиот се обидува да го реши проблемот (задачата) без веднаш да побара помош од наставникот?
  • Дали ученикот при учењето го користи само учебникот или пак користи и други извори за стекнување на знаење?
  • Дали ученикот добро се снаоѓа во работењето во групи, односно дали тој сака да доминира во групната работа или пак стои настрана и речиси не дава никаков придонес, или пак ги следи пропишаните правила при групна работа дадени од страна на наставникот?
  • Дали ученикот ги следи дедените насоки за работа од страна на наставникот, посебно при работа со ИКТ или пак при работа во лабараторија каде има опасни материи со кои треба внимателно да се ракува?
  • Дали ученикот е свесен дека не се вреднува вештината прикажана при работењето со ИКТ туку примената на стекнатото знаење преку ИКТ?
  • Дали при изготвувањето на работните задачи и поставени барања ученикот е брз и точен?
  • Дали ученикот во неговиот притап при одговарањето и решавањето на зададените задачи го вложува личниот максимум и придонес?
  • Дали ученикот со задоволство учествува во решавањето на тестовите и писмените работи?
  • Дали ученикот е подготвен во секој момент да го изнесе стекнатото знаење?

Покрај пропишаните критериуми и стандарди за оценување и персоналното портфолио за следење и оценување на напредокот на ученикот, одговорите на претходните прашања во голема мерка ќе ви помогнат при оформувањето на сумарната оценка за секој ученик. Исто така одговорите на претходните прашање ќе ви бидат од полза доколку некој надлежен фактор се интересира зошто ученикот ја има токму таа оценка.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.