Да се потсетиме – Која е целта и кои се задачите поврзани со воспитно-образовната дејност на основното училиште?

Да се потсетиме – Која е целта и кои се задачите поврзани со воспитно-образовната дејност на основното училиште?

Целта на воспитно-образовната дејност на основното училиште е да овозможи оптимален развој на учениците од оваа училишна возраст преку стекнување на основни знаења за човекот, општеството и природата, развивање на интелектуалните и на другите способности и воспитни вредности на личноста на ученикот како и нивно оспособување за примена на стекнатите знаења и умеења во секојдневниот живот и работа и при натамошното образование.

Задачите на воспитно-образовната дејност се:

  • на учениците да им овозможи стекнување основни знаења, умеења и вештини од природните, општествените и другите наставно-научни дисциплини и уметнички подрачја на човековото живеење и творење;
  • да воспитува во духот на човековите права и на другите демократски предности што се потврдени во современиот свет;
  • да развива љубов и почит кон својата татковина, кон нејзините духовни и материјални богатства како и кон постигањата и вредностите на другите земји и народи во светот;
  • да го поттикнува и постојано да го развива сознајниот, емоционалниот и социјалниот развој на учениците;
  • кај учениците да развива истражувачки дух и да го збогатува интересот за стеkнување нови знаења и способности за учење;
  • да гради навики и умеења за здрав начин на живеење, правилен психофизички развој и заштита на животната средина;
  • да овозможува оптимален развој на надарените ученици, како и развој на сите ученици уважувајќи ги притоа индивидуалните психофизички потенцијали и можности на секој ученик;
  • да овозможува успешно завршување на основното образование и напредување на учениците на повисоките степени на образованието.
Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.