Teachers - Наставници

8 Нешта кои ги разбираат само брачните партнери на наставничките

Да се има како брачен партнер наставничка или да се биде во врска со наставничка и не е толку лоша работа. Ќе имате можност да видите што е мотивирана личност, личност која лесно не ја губи надежта и личност која често ќе ве поправа во однос на постапките за кои таа смета дека не се соодветни. Следните 8 тврдења се во контекст да потврдат дека вашата партнерка е наставничка.

Вашиот партнер е препознатлив во јавноста

Замислете со колку ученици дневно комуницираат наставниците, посебно оние кои предаваат во предметна настава, а тука да не ги заборавиме и родителите. Наставниците со подолг работен стаж се уште попрепознатливи во јавноста. Не е лесно да се скриеш од јавноста кога работиш како наставник или кога имаш наставничка како брачен партнер  или си во врска со наставничка.

Комуникацијата не прекинува и дома

Доколку сметате дека со вашата партнерка која е наставничка, ќе се опуштите дома со разговор, кафе и некој добар филм на телевизија по напорниот работен ден, заборавете. Секогаш ќе се најде некој родител да се јави на телефон да праша што има за домашна работа за утрешниот ден неговото дете затоа што тоа не слушнало добро што имаат за домашна или пак можно е да се јави некој родител незадоволен од оценката на тестот по математика затоа што наставничката добро ја нема прегледано 3 и 5 задача. Доколку никој не се јави, сигурно ќе се огласи некој во вајбер групата III/1 со некој предлог, прашање или барање.

Полесен е разговорот со возрасни

Сите ние кои не сме наставници, а имаме партнерка која е наставничка, на работа комуницираме со возрасни луѓе и нашата комуникација најчесто оди јасно и разбирливо. Тоа не е случај со нашите партнерки. Нивната комуникација вообичаено е со ученици, посебно е тешка комуникацијата кога се тие помали по возраст. Заради таа состојба (професионална деформација) често се случува нашата партнерка да не поправа во комуникацијата, да ни кажува што е правилно, а што не е. Кога ние ќе приговориме во однос на тоа нашата партнерка наставничка саркастично ќе ни постави прашање од типот: Дали некој денес на работа кај тебе плачеше? Дали некој се нишаше на столчето и падна? Дали некој галамеше и го реметеше текот на работата? Сигурно не, затоа немој многу да приговараш драги.

Потреба од разговор со возрасни

Вашата партнерка која е наставничка, како што кажавме претходно, во текот на работниот ден претежно комуницира со деца. Од тие причини често има потреба за разговор со возрасни. Затоа немојте никогаш да ја игнорирате вашата партнерка наставничка кога сака да разговара со вас или пак немојте да ја ограничувате во нејзиниот разговор со возрасни личности.

Активно учество во изготвувањето на нагледни средства

Ако имате како брачен партнер или сте во врска со наставничка треба да ви биде јасно дека активно ќе учествувате во изработката на нагледните средства кои ѝ се неопходни за успешна реализација на утрешниот наставен ден. Поинтензивно ќе бидете вклучени во оваа активност доколку сте добар во цртање, боење, сечење, лепење итн.

Никој не може истовремено да извршува повеќе работи како наставникот

На оние кои се во врска или имаат брачен партнер наставничка јасно им е како таа истовремено може да: готви ручек, да зборува на телефон, да го смирува распалавеното дете итн. Тоа нејзе ѝ станало рутина затоа што и нејзината наставничка работа од неа го бара истото. Од нејзе на работа се бара: истовремено да предава, да демонстрира, да пишува на табла, да ги смирува распалавените ученици итн.

Лесно се пронаоѓаат во друштво

Кога имате брачен партнер наставничка или сте во врска со наставничка и кога сте заедно на некоја манифестација, свеченост, неформална дружба без разлика на место и време и доколку има уште една нејзина колешка знајте дека вашата партнерка цела вечер ќе ја помине со нејзината колешка во разговор како се реализира наставата во едното, а како во другото училиште; каков е односот со колегите; како се однесува едниот, а како другиот директор во училиштето; какви се учениците на кои им предаваат во едното, а какви се во другото училиште. Таа едноставно ќе заборави дека сте вие излезен со неа.

Нашите партнерки наставнички се вистински херои

Кога сте во брак или во врска со наставничка ќе разберете дека таа навистина е херој. Тоа е затоа што таа е сестрана личност која може да се справи со многу различни ситуации. Таа едноставно не допира со активностите и кога е дома и кога е на училиште. И вие најдобро знаете дека вашата партнерка наставничка не е слободна три месеци во текот на летото, обично тоа е околу еден месец затоа што таа и на лето оди во училиште додека учениците се на летен распуст затоа што нејзе ја чека пополнувањето на Главната книга со податоци за секој ученик, изготвувањето на свидетелствата, поплнувањето на статистички податоци, пополнување на електронскиот дневник, разни состаноци итн., а пред почетокот на новата учебна година изготвување планирања поврзани со новата учебна година, посета на семинари, пополнување на дневникот за работа итн.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.