School - Училиште

Како проверката на домашните задачи да биде во функција на реализација на воведниот дел од часот?

Многу често се случува во секојдневната наставна практика наставниот час да започне со проверка и преглед на домашната задача. Наставникот може да практикува кога ја задава домашната задача таа да биде функционално поврзана со наставните содржини кои ќе се изучуваат на следните часови (да има спиралност) и тогаш истата да ја прегледа и провери со цел да му послужи како појдовна точка, односно како подготовка во однос на новата наставна содржина. Домашната задача исто така може да се преглед и провери и во воведниот дел од часот каде останатиот дел е предвиден за вежби и проверка на стекнатите знаења, секако, домашната задача содржински треба да биде поврзана со она што ќе биде предмет на проверка или вежби во останатиот дел од наставниот час. Во однос на домашната задача наставникот секогаш треба да има позитивен став кој ќе го пренесе на учениците и истовремено треба да го истакне нејзиното значење. Домашните задачи кои ги задава наставникот треба да бидат поттикнувачи и креативни, а не досадни и шаблонски, каде ученикот ќе ги реализира колку само да бидат реализирани како една обврска. Наставникот во однос на домашните задачи покрај тоа што ќе провери кој има напишано, а кој нема, треба да провери дали тие се напишани согласно насоките кој тој ги има зададено и дали резултатите и исходите се точни. При прегледувањето на домашните задачи од страна на наставникот во однос на точноста на решенијата на домашната задача, тој на учениците треба да им посочи каде тие имаат згрешено и што треба да коригираат, а истовремено на тој начин учениците добиваат повратна информација колку го имаат совладано наставниот материјал. Времето посветено на прегледувањето на домашната задача не треба да се смета како изгубено време, бидејќи преку прегледувањето на домашната задача им се укажува на учениците колку тие го имаат совладано наставниот материјал, на кои работи треба да обрнат внимание и каде треба да вложат дополнителен труд. Учениците кога добро ги имаат изготвено домашните задачи, од страна на наставникот треба да се пофалени, поттикнати и мотивирани за да продолжат во таа насока. Во однос дали домашната задача треба да се оценува во воведниот дел од часот, постојат различни размислувања. Во однос на ова мислење би истакнал дека пофункционално и поделотворно ќе биде домашната задача да служи за проценка на дотогаш стекнатите знаења, за да знае наставникот колку учениците го имаат усвоено изучениот наставен  материјал и во која мерка може да го применат стекнатото знаење. Исто ткака, домашната задача може да има и дијагностичка функција, а тоа ќе му послужи на наставникот да има една претстава колку учениците имаат познавање од она што треба да се изучува на следните часови имајќи предвид дека наставниот материјал треба да има еден континуитет и меѓусебно последователно поврзување. Од претходно кажанато произлегува дека домашните задачи поретко треба да се оценуваат, а повеќе да служат за проценка. Проценувањето е добро затоа што при решавањето на домашните задачи треба да се знае дека честопати во однос на нивното изготвување ученикот нема самостоен пристап туку обично се случува да има помош од членовите во неговото семејство (мајка, татко, баба, дедо, повозрасен брат или сестра) или од негови соученици и врсници. Наставникот на ученикот треба да му посочи, а тој да разбер дека домашните задачи не треба да се работат само со цел тие да добијат подобра оценка, туку првенствено тој да го унапреди сопственото знаење и да биде во тек со наставните содржини кои се реализираат како и подготвено да дојде во училиште. На крај, во однос на домашните задачи треба да посочиме дека тие не мора секогаш да бидат во пишувана форма како одговор на прашања или решавање задачи, што често се практикува од страна на наставниците. Покреативно и помотивирачки ќе биде ученикот да се стави во улога на истражувач каде самостојно ќе изнајде решение на поставеното барање како домашана задача, истражувајќи пишувани и електронски медиуми или согледувајќи како нештата функционираат во реалноста и праксата, и врз база на добиените податоци да подготви извештај според одредени критериуми кои ќе бидат зададени од страна на наставникот.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.