Teachers - Наставници

50 начини да се преиспиташ како наставник дали се движиш во вистинска насока

Зреењето и растењето на наставникот е процес, првенствено предизвик за самиот него, излегување од безбедната зона и справување со предизвиците да се биде добар во она што се работи. Доколку наставникот сака да биде ценет и успешен во она што работи:

  1. Треба да научи еден светски јазик и добро да се служи со истиот.
  2. Да создаде затворена група на социјалните мрежи, а која ќе ја користи само тој и учениците во насока на реализирање на воспитно-образовниот процес.
  3. По напуштањето на училницата треба да се осигура дека учениците го разбрале она што им го предавал.
  4. Треба да најде начин да бидете разбран од сите ученици во однос на она што го предава.
  5. Да го споделеи со колегите неговиот пристап на реализирање на наставниот час и да побара од нив мислења и сугестии.
  6. Да биде отворен за соработка со родителите на  учениците.
  7. Ако нема е-маил крајно време е да го создаде.
  8. Подеднакво внимание посветете на прашањата и одговорите без разлика од кого и од каде доаѓаат.
  9. Доколку не практикувате, во вашата настава, почнете да применувате и диференциран пристап на работа.
  10. Работната маса за наставникот во училницата служи за водење евиденција во дневникот за работа, а не место на кое се седи додека се предава.
  11. Учествувајте на: конференции, семинари, работилници. На ваков начин сте во тек со сите новитети во однос на воспитно-образовната дејност.
  12. Во креирањето на наставниот процес побарајте мислење од учениците и нивните родители.
  13. Осигурајте се дека секој ученик при решавањето на задачите и барањата кои ги задавате е во можност да обезбеди, односно му е достапна соодветна литература и средства за работа.
  14. Трудете се да пишувате за воспитанието и образованието од ваш агол, како вие го доживувате.
  15. Обидете се да следите 5 портали кои се занимаваат со теми поврзани со воспитно-образовниот процес.
  16. Создадете клима за соработка и потрудете се родителите често да доаѓаат во училиште интересирајќи се за нивните деца и училиштето во кое учат.
  17. Потрудете се во паралелките каде предавате, а каде има ученици кои со потешкотии го усвојуваат наставниот материјал, секој ученик да има ученик ментор од редовите на посилните ученици во однос на учењето.
  18. Трудете се училницата во која предавате да биде функционална и беспрекорна во секоја смисла на зборот.
  19. Трудете се секогаш да создавате позитвна и оптимистичка атмосфера во училницата.
  20. Наставните планирања треба да се ревидираат секоја учебна година.
  21. Следете ја и вреднувајте ја работата на секој ученик во групната работа.
  22. Функционално и правилно користење на ИКТ.
  23. Препознавање и поддршка на трудот вложен од страна на ученикот.
  24. Насмевката на наставникот треба да биде составен дел од неговата секојдневна работа.
  25. Учениците теба да се насочат да размислваат критички.
  26. Понудете и втора, алтернативна домашна задача, нека избере сам ученикот на која ќе работи или пак самиот нека избере домашна работа.
  27. Кога сте болни и нефункционални за настава, останете дома, нема никаква смисла да дојдете во училиште и да реализирате настава.
  28. Наставникот не размислува и не се однесува стереотипно.
  29. Бесмислено е наставникот да користи copy paste наставни планирања и друг наставен материјал од колегите без да ги модифицира и да стави сопствен печат во истите, односно да ги прилагоди на учениците на кои им предава.
  30. Поттикнувајте ги и храбрете ги учениците при учењето освен учебник да користат и друг електронски и печатен материјал.
  31. Кога користите електронски материјал секогаш проверете ја релевантноста на тој материјал.
  32. Кога барате одговор од ученикот, дајте му доволно време да размисли пред да се произнесе во однос на вашето барање.
  33. Од време на време учениците нека имаат можност да бидат во улога на наставник, треба да им се даде можност да ја реализираат настава под будното око на наставникот.
  34. Може да се случи наставникот понекогаш да го нема правилниот одговор на прашањето поставено од ученикот, но тоа не значи дека ученикот треба да добие погрешен одгвор. Ученикот треба да се стрпи, а наставникот да го најде и да му го даде вистинскиот одгвор на ученикот во следната прва прилика.
  35. Наставникот треба да поставува прашања од отворен вид, а не прашања на кои од ученикот ќе добие одговори со „да“ и „не“.
  36. Кога нешто негирате во однос на воспитно-образовниот процес тоа треба да го поткрепите со факти и да понудите алтернативно решение доколку сакате да бидете разбран како сериозен наставник.
  37. Како наставик вие сте модел од кој учениците учат, меѓу другото како да се однесуваат и како да изгледаат.
  38. Учениците фалете ги пред целата паралелка, а кртикувајте ги во четири очи.
  39. Создадете однос со учениците каде тие ќе имаат потполна доверба во вас.
  40. Никогаш немојте да ги оговарате колегите зад нивниот грб, сè што имате кажете им го во лице, транспарентно.
  41. Имајте на ум дека наставниот час има временска рамка за реализација, секогаш држете се до истата.
  42. Целосна одговорност и сериозен пристап во однос на она што се работи.
  43. Слободно создадете сопствени стандарди за оценување врз основа на Блумовата таксономија, а кои ќе се темелат на целите од наставната програма.
  44. При реализација на секој наставен час треба да се користат нагледни средства.
  45. За секој ученик водете посебно досие.
  46. Кога учествувате во училшни комисии максимално залагајте се работната задача да ја извршите професионално и навремено.
  47. Новитетите во наставата се споделуваат со колегите.
  48. Кога имате нови ученици, на кои претходно им немате предавано, задолжително утврдете какви предзнаења имаат истите.
  49. На родителите им се соопштува вистината, а не само она што сакаат тие да слушнат.
  50. Кон секој ученик од паралелката треба да се има ист пристап и однос без некој да се истакнува или фаворзира.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.