School - Училиште

Како социјалната мрежа Facebook да се стави во функција на наставниот процес?

Преку учениците на кои им предаваме, преку нашите деца (синови и ќерки), а и преку нашето лично искуство, сведоци сме дека социјалната мрежа facebook е составен дел од нашите животи и длабоко има навлезено во него. Сите ние, или пак поголемиот дел од нас, буквално секојдневно живееме со facebook.

Преку мал вложен труд и наша креативност како наставници, треба да се потрудиме оваа социјална мрежа да ја ставиме во функција на секојдневниот наставен процес. Покрај тоа што неа најчесто ја користиме да споделиме нешто со facebook пријателите и да видиме што тие споделиле на facebook, facebook може да го користиме на успешен начин и во наставата. За таа цел потребно е како наставници да формираме затворена група, во која ќе членуваат само учениците на кои им предаваме, а која facebook група ќе ја насловиме со предметот кој го предаваме и училиштето каде предаваме (дополнително може да се додадат во насловот или во описот и одделенијата каде го предаваме предметот).

Конкретно facebook може да го користиме на тој начин што можеме да креираме белешка (содржина) во која ќе бидат наведени линкови од каде учениците ќе може посуштествено да се запознаат со наставните содржини кои се реализираат на наставните часови.

Исто така наставникот може во групата да сподели и конкретен наставен материјал создаден од негова страна кој ќе им послужи на учениците во стекнување на нови знаења. Оваа можност треба да им се даде и на учениците, а тоа подразбира тие да истражуваат на интернет и самите да најдат релевантен наставен материјал во однос на она што учат, а кој материјал ќе можат да го споделат во групата за да во него имаат увид сите ученици, како членови во групата.

Преку  facebook групата на учениците може да  им задаваме домашни задачи каде ќе креираме неколку барања со различни тежински нивоа, а учениците согласно нивното стекнато знаење може да изберат на која активност како домашна задача ќе работат. На тој начин ние како наставници ќе имаме увид како учениците напредуваат и колку го усвоиле наставниот материјал за да подоцна согласно добиените информации го креираме идниот наставен процес.

Учениците може да користат и алатки кои ги нуди информациоско-комуникациската технологија за да создадат одредени презентации или да изготват одредени проекти кои се поврзани со наставата, а потоа истите ќе бидат споделени во facebook групата со што сите членови (ученици) ќе имаат увид во сработеното. На тој начин учениците ќе можат да дадат сопствен придонес во однос на она што е споделено преку конструктивни коментари, забелешки или предлози.

Претходно кажаните активности, кои се само неколку на број, може да се реализираат и без примена на facebook, но целта на овој текст пред сѐ е да се даде еден поттик до наставниците како facebook може да најде соодветна примена во воспитно-образовниот процес, а не facebook да биде само средство кое од страна на учениците секојдневно ќе се користи единствено за забава. Додека го читате овој текст, најверојатно и вам ќе ви текнат нови креативни и иновативни идеи како facebook да се стави во служба на наставата.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.