Teachers - Наставници

15 Карактеристики на големите наставници

Кога станува збор за големи наставници се мисли на: успешени, напредени, квалитетени, инспиративни, посветени, ажурни, доблестни итн. наставници. Во натамошниот дел од текстот ќе го користиме зборот големи за сите споменати позитивни атрибути кои ги красат успешните наставници.  Големите наставници може лесно да се препознаат од опкружувањето во кое делуваат. Но, се поставува прашањето во која мерка таа нивна големина иако е препозната им е призната од опкружувањето во кое делуваат?! Но ова е друго прашање за некоја друга прилика.

Големите наставници преку нивната способност и начин на делување оставаат траен белег и сеќавање во животот на учениците на кои им предаваат. Големите наставници инспиративно и поттикнувачки делуваат на учениците и им влеваат самодоверба за да тие додека се ученици, а уште повеќе подоцна кога ќе станат возрасни, продуцираат, односно создадат големи дела. Карактеристики кои ги красат големите наставници:

  1. Големите наставници со страст и ентузијазам ги извршуваат нивните работни задачи и уживаат во тоа.
  2. Постојано се трудат да го привлечат и одржат вниманието на учениците за време за целиот наставен час, а тоа го постигнуваат преку примена на интерактивен начин на работа.
  3. Се трудат со учениците да изградат цврсти врски на взаемна доверба.
  4. Одлично ја познаваат наставната програма и успешно ги применуваат пропишаните критериуми и стандарди поврзани со наставата.
  5. Стручни се во однос на наставниот предмет кој го предаваат.
  6. Целите кои треба да ги постигнат учениците ги поставуваат на разбирлив и јасен начин.
  7. Покрај стручноста, поседуваат и менаџерски способности за управување со училницата.
  8. Се трудат од учениците да го извлечат нивниот максимум во однос на воспитно-образовниот процес.
  9. Имаат изградено сопствен пристап преку кој успешно воведуваат ред и дисциплина во училницата.
  10. Со родителите градат партнерски однос кој е насочен кон успехот на учениците.
  11. Постојано се ангажираат и се трудат да го дадат сопствениот максимум во однос на работните задачи.
  12. Секогаш се трудат во училницата да создадат позитивна клима која ќе продуцира успех и задоволство во однос на учењето.
  13. Имаат одлични комуникациски вештини.
  14. Покрај што градат позитивни односи со учениците, истовремено јасно им даваат до знаење дека помеѓу нив треба да има јасна дистинкција согласно нивните позиции ученик-наставник.
  15. Иновативни се во наставата, што подразбира следење на новитетите и трендовите во однос на воспитно-образовниот процес и неговото усовршување.

Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.