- Според степенот на возраст на учениците училиштата се делат на: основни, средни, факултети и училишта за возрасни.
- Училишта за деца со нормален развој и училишта за деца со пречки во развојот – специјални училишта.
- Задолжителни училишта за сите деца и незадолжителни училишта.
- Општообразовни училишта и стручни училишта.
- Според местото каде функционираат училиштата се делат на: градски, приградски и селски.
- Според полот на учениците кои учат во училиштето, училиштата се делат на: машки, женски и мешани.
- Според местото на живеење на учениците училиштата се делат на: интернатски училишта и сите останати.
- Според должината на траење на образованието училиштата се делат на: деветолетка, тригодишни средни училишта и четиригодишни средни училишта.
- Според основачот училиштата се делат на: општински, државни, приватни и верски.
- Според работното време на училиштето, односно временската реализација на наставата, училиштата се делат на: едносменски и двосменски (со класична настава), училишта со продолжен престој, училишта со целодневен престој и вечерни училишта.
- Стручните училишта се делат на: економски, технички, медицински, земјоделски, угостителски итн.
- Во гимназиските училишта може да ги има следните насоки: природно-математичко подрачје, јазично-уметничко подрачје, општествено-хуманистичко подрачје.
- Според структурата каде се реализира наставата во паралелките училиштата се делата на училишта со единечни паралелки и училишта со комбинирани паралелки.
- Според големината училиштата се делат на централни и подрачни училишта.
- Според бројот на ученици училиштата се делат на: мали и големи.
- Според територијалниот опфат на учениците училиштата се делат на: локални, регионални и републички
- Според контактот со учениците училиштата се делат на: дописни, училишта на далечина, подвижни училишта.
Categories: School - Училиште