Teachers - Наставници

ВРЕМЕТРАЕЊЕ НА ВОВЕДНИОТ ДЕЛ ОД НАСТАВНИОТ ЧАС

Во однос на времетраењето на воведниот дел од наставниот час постојат различни видувања и размислувања, а многу често во стручната образовна фела се воделе и сѐ уште се водат дебати кое е најрационалното, односно најпродуктивното времетраење на воведниот дел од наставниот час. Во наставната пракса најчесто може да се слушне дека тоа време треба да биде од 5 до 10 минути. Нововработените наставници и оние со помалку работно искуство често наставниот час го реализираат со часовник во раката придржувајќи се до временската рамка за реализација на наставните фази од кои е структуиран наставниот час (воведен, главен и завршен дел). Праксата поврзана со реализацијата на наставниот час јасно покажува дека наставникот не може круто да се држи до некоја претходно пропишана временска рамка за реализација на фазите на наставниот час. Временската рамка за реализација на воведниот дел од часот треба да биде флексибилна, а истата зависи од многу фактори. Некои од тие фактори и ќе наброиме:

  • содржината на наставната единица (дали со наставниот материјал учениците за првпат се среќаваат или истиот им е од претходно познат);
  • дали наставниот час е за реализација на нова наставна содржина или пак за вежбање или утврдување на дотогаш стекнатите знаења;
  • концепцијата на наставниот предмет и содржините кои го сочинуваат истиот;
  • кој по ред е наставниот час за учениците во тековниот ден;
  • кој е денот во текот на работната недела;
  • возраста на учениците, нивниот интерес и развојни карактеристики;
  • колку учениците се заморени од претходната настава;
  • одредена случка во училиштето која може да го поремети нормалниот тек на реализација на наставниот процес;
  • атмосферските прилики кои владеат во тој период.

Сите споменати фактори имаат свој придонес за времетраењето на воведниот дел од наставниот час кој во дадена прилика може да трае неколку минути и да постигне целосно позитивен ефект за понатамошна успешна реализација на останатите фази од наставниот час. На пример, наставникот поставува неколку предвидувачки прашања преку кои го мобилизира целосно интересот на учениците, а потоа преку надоврзување на понудените одговори преминува на следната фаза, односно главниот дел од часот. Има и ситуации кога наставната содржина за учениците е нова или пак релативно нова каде наставникот треба да потроши повеќе време за да во воведниот дел ги запознае учениците со новините кои ќе се реализираат во текот на тој наставен час и часовите кои ќе следат понатаму, а се поврзани со новата наставна тема.

Имајќи предвид дека наставата во училиштата се реализира прку наставни часови кои имаат одредена временска рамка на траење, во таа насока треба да се планира и воведниот дел од часот бидејќи во таа предвидена рамка за еден наставен час треба да се реализираат уште две фази (главен и завршен дел). Од тие причини времетраењето на воведниот дел од часот треба да биде рационално испланирано и реализирано со цел да се постигне одреден ефект кој позитивно ќе влијае на главниот дел од часот каде ученикот треба суштински да се запознае и да усвои нови поими и нови знаења (кога станува збор за реализација на нова наставна содржина), а потоа во завршниот дел од часот да се резимира она што учениците осознале на главниот дел од наставниот час.

Како заклучок во однос на времетраењето на воведниот дел од часот ќе истакнеме дека нема јасно дефинирана временска рамка за реализација на воведниот дел од наставниот час, таа може да биде различна, зависно од повеќе фактори. Сепак, може да кажеме дека воведниот дел треба да биде ефикасно осмислен и не премногу долг. Тој треба да биде во насока на поттикнување и привлекување на интересот и вниманието на учениците каде во следните фази од наставниот час учениците треба да бидат на ефикасен начин интелектуално ангажирани.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.