ПОПУЛАРЕН НАСТАВНИК

Уникатен карактер – Да се биде свој во однесувањето, на сопствен начин да ја реализирате наставата, а истовремено да го поттикнете интересот и љубопиноста на учениците; да не се наметнувате над учениците, да создадете коректен однос и лесен начин на комуникација, но сепакт во тие односи да се знае местото на наставникот и местото на ученикот.

Вклучување на учениците – Разговорот е средство со кое може да се решат сите проблеми. Секогаш треба да се има време за разговор со учениците на кои им предавате. Вие сте одговорни за наставата, но и за одредени потреби на учениците додека се во училиште. Слушнете ги нивните идеи и предлози и излезете им во пресрет на сите нивни барања, доколку се реални и  во согласност со кодексот на училишно однесување.

Флексибилни и отворени – Секогаш треба да бидете флексибилни и отворени кон учениците, слушнете ги, ќе останете вчудовидени од некои нивни видувања и размислувања. Како наставници треба секогаш да бидете флексибилни и со отворен ум во однос на комуникацијата со учениците, учениците не треба да се чуваат под стаклено ѕвоно, иако тие не се возрасни сепак треба да бидат испочитувани од наставниците.

Направете ја наставата забавна – Доколку сакате учениците да бидат посветени во однос на вашите предавања и да не се прашуваат зошто ќе им користи она што вие го предавате, потрудете се вашите предавања да бидат интересни и привлечни. Тоа ќе го постигнете со користење на разновидни наставни техники, форми и методи на работа, како и примена на ИКТ. Она што го предавате направете им го лесно достапно и разбирливо на учениците, со што тие ќе можат она што го стекнале како знаење лесно и практично да го применат надвор од училишните клупи, посебно во нивната професионална пракса и реален живот.

Бидете во тренд –луѓето обично се облекуваат согласно нивните години, денес овие граници се изместени и не се почитуваат во целост. Наставникот треба да се облекува пристојно, согласно неговите години следејќи што е модерно во тој период. Исто така тој треба да го следи напредокот на технологијата, музиката, забавата, уметноста, сè она што ги интересира учениците, на тој начин наставникот полесно ќе може да ги разбере нивните интреси, расмислувања, стил и начин на живеење.

Потсетувајте ги – Учениците имаат и по 14 предмети, понекогаш може и да заборават на некои нивни обврски и задолженија. Од тие причини почесто потсетувајте ги. Денес новата информатичка технологија ви нуди најразлични креативни начини во оваа насока.

Бидете тука за нив – Наставникот треба да биде покрај учениците во моментите кога тие се соочуваат со најразлични потешкотии. Тој треба да ги разбере во тие моменти, да ги охрабри и да им помогне истите да се надминат. Во никој случај и на никаков начин тој не треба да ги омаловажува учениците, ниту на транспарентен, ниту на скриен начин.

Покажете го вашиот интерес во однос на она што работите – Преку вашиот покажан интерес оставате впечаток на сериозен наставник кој преку својот личен пример позитивно влијае во однос на интересот, посветеноста и ангажманот на ученикот кон воспитно-образовниот процес.

Заработете ја почитта од учениците – Доколку сакате да имате почит од страна на учениците со што тие дисциплинирано ќе се однесуваат на вашите часови, добро е да имате еден опуштен и забавен однос во комуникацијата и односот со нив. Тоа не подразбира со нив да бидете „кул“. Едноставно, да се знае кога е време за забава и шега, а кога е време за сериозно однесување и посветено работење и учење.

Не се жалете постојано во однос на вашата работа – Доколку постојано се жалите на платата, обемот на вашата работа итн. не е во ред. Замислете кога еден бизнисмен на своите клиенти постојано би им се жалел во однос на неговата работа, дека му е тешка и дека ја мрази, дали тие ќе го купуваат неговиот производ? Истот е и со наставниците и учениците. Како наставниците ќе стекнат доверба во однос на наставата и она што го работат од страна на учениците доколку тие постојано се жалат во однос на истата?!

Вие создавате личности – Имајте на ум дека вие учениците не ги поучувате само што да учат и мислат, вие исто така ги подучувате како да размислуваат и учат.

Грижа во однос на подучувањето – Ако вам не ви се допаѓа она што ги подучувате и на учениците нема да им се допадне она што вие ги подучувате. Доколку од учениците очекувате да постигнат добри резултаи и вложат труд и тие од вас ќе очекуваат да вложите труд и напор во однос на она што ги подучувате.

Имајте разбирање – Знајте дека сите нема да имаат размислувања и општествени убедувања како вашите. Бидете толерантни и демократски настроени во однос на другите размислувања и убедувања.

Бидете позитивни – доколку некој ученик во однос на некоја наставна содржина има дополнителни информации, повеќе од она што вие сте кажале, немојте да го чувствувате тоа како омаловажување кон вас, едноставно пофалете го ученикот. На тој начи ги охрабрувате учениците самите да истражуваат и да изнајдат повеќе информации отколку оние кои се содржани во учебникот.

Шега на сопствена сметка – Кај учениците ќе оставите силен позитивен впечаток доколку од време на време се пошегувате и на ваша лична сметка.

Немојте да влијаете пропагандно– Немојте да пропагирате религиски, политички, економски, социјални итн. влијанија врз вашите ученици. Тие знаат дека тоа што го пропагирате е она во што вие верувате, а во кое тие не мора да веруваат.

Не се трудете да бидете она што не сте – Трудете се колку што можете повеќе да бидете свој, оргинален, онаков каков што сте (секако, соглано пропишаните норми и правила на добро однесување и согласно воспитно-образовното работење), не имитирајте никого.

Ставте се во нивна улога – За да подобро ги разберете учениците, во дадени ситуации кога имате дилема, ставете се во нивните чевли.

Ј.Б

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.