School - Училиште

Воспитни детерминанти

Во однос на воспитните детерминанти кои имаат битна улога во обликувањето, насочувањето и управувањето со воспитанието во една земја може да се наведат: општественото уредување во земјата, научно-технолошкиот развој на општеството, општествено-економскиот развој, степенот на културна развиеност и развиеноста на педагогијата. За секоја од наведените детерминанти ќе бидат кажани по неколку збора бидејќи истите имаат битно значење во општото детерминирање и креирање на воспитанието во една земја.

Општественото уредување на земјата го креира воспитниот систем на земјата. Земјите во кои владее демократско општествено уредување имаат демократски систем на воспитување каде се почитува и слуша зборот на секој поединец во општеството. Во земјите каде владее авторитарно општествено уредување има авторитарен систем на воспитување каде се слуша зборот на водачот без приговарање.

Научно-технолошката развиеност на општеството предизвикува и поттикнува различни воспитни процеси. Општествата во кои има брз развој на знаења и иновации во сите области имаат и бараат различен пристап на воспитување на лицата кои живеат во такво општество за разлика од општествата каде сѐ уште се доминантни мануелните процеси на работа.

Економската развиеност на општеството многу влијае на поттикнувањето и унапредувањето на воспитанието како значајна општествена појава. Економски развиените земји се во можност во воспитниот процес да вложат поголем број средства за негово развивање и унапредување за разлика од помалку економски развиените и заостанатите земји.

Културно развиените општества во кои владее високо ниво на култура, благодарејќи на таквиот нивен културно воспоставен систем на живеење имаат многу поголеми потреби, а и поголеми можности да на своите граѓани им овозможат подобро и поквалитетно воспитание.

Традицијата како појава многу влијае на воспитанието во една земја. Тоа пред сѐ зависи од степенот на вреднување на општото образование, развиеноста на училиштниот систем, воспитно-образовниот кадар итн. Развиеноста на сите овие чинители во едно општество имаат силно и позитивно влијание.

Развиеноста на педагогијата во едно општество има значајна улога на воспитанието. Степенот на развиеност на воспитание во една земја многу зависи колку се вложува и развива педагогогијата како наука во таа земја.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.