Uncategorized

Педагошки речник (Аб-, Ав-)

Абецеда – утврден редослед на гласови и букви на некој јазик, посебно редоследот на буквите во латинското писмо.

Абецедарка – старо име за букварот, добиено од зборот абецеда.

Абитуриент – ученик од средно училиште или гимназија кој е пред полагање испит на зрелост или завршен испит, односно кој го положил испитот и со тоа го завршил школувањето во тоа училиште.

Абулија – намалена способност да се сака нешто ефективно или да се донесе одлука.

Авантуризам кај децата – појава на негативно поведение кај децата под влијание на негативни примери од авантуристичка литература или филм.

Аверзија – непријатно чувство кон некоја личност, објект, предмет кои непосредно се набљудуваат или се замислуваат и се настојува да се одбегнуваат.

Автрахија (воспитна) – автономија на моралното воспитание.

Автобиографија – опишување на настани од сосптвениот живот со делови од биографијата и напредувањата во учењето и службата.

Автодидакт –самоучење, самообразование.

Автодиктат – пишување на напамет научен текст, односно наставникот не диктира, туку ученикот пишува по сеќавање.

Автокорекција – самостојно проверување испитување и оценување на резултатите од учењето.

Автоматизам – изведување на некоја работа или активност без посебно доживеана контрола на изведувачот.

Автономија на педагогијата – поим со кој се означува самостојноста на педагогијата како наука.

Автономно училиште – училиште кое во рамките на државата има одредена положба и обврски.

Авторитет на наставникот – способност на наставникот со својот лик, поведение и знаење да влијае врз учениците.

Авторитет на родителите – способност на родителите да влијаат врз своите деца.

Извор: Педагошки речник, составувач: Илија Лешковски, Вековишнина, Скопје 2002

Advertisements

Категории:Uncategorized

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.