Teachers - Наставници

10 Факти зошто е среќен оној кој ќе заврши во брак со наставничка/наставник

Да се биде наставник не е само професија, тоа е начин на живеење. Наставниците како личности не се себични, тоа прави да бидат сакани во средината која ги опкружува. Работатa со различни карактери доведува тие да можат да ги оценат луѓето многу подобро за разлика од останатите. Знаат да ги поддржат останатите во нивните стремежи кон постигнување на целта, а исто така се и добри слушатели. Ова се неколку причини зошто е среќа да се биде во брак со наставник.

Следат 10 факти зошто е среќа да се биде во брак со наставник:

Наставниците се трпеливи

Знаат да го слушаат внимателно соговорникот со часови. Не реагираат (дека им е здодевно) иако од страна на соговорникот нештото им е кажано досега повеќепати. Тие се тука за соговорникот секогаш да понудат поддршка кога таа му е потребна. Тие за соговорникот секогаш одделуваат онолку време колку му е потребно и никогаш нема да дозволат за време на разговорот соговорникот да се почувствува глупаво.

Наставниците се несебични

Наставниците се секогаш подготвени да се жртвуваат за своите ученици, тие секогаш им се на прво место и сакаат да ги поддржат, притоа не штедејќи го своето време и енергија. Тие се тука за нив сè додека не увидат дека потребите на ученикот или учениците се задоволени.

Кога станува збор за односите со нивните партнери, наставниците се тука за нив тие секогаш да се чувствуваат среќни и задоволни. Тие секогаш се тука да се грижат за нивните партнери и секогаш се покрај нив.

Наставниците секогаш ја гледаат светлата страна.

Тие се секогаш позитивни, без разлика колку тежок им бил нивниот ден. Тие се во состојба да се смеат без разлика на непријатностите со кои се соочиле во текот на денот. Наставниците знаат да простат и да заборават за настанатото несогласување. Позитивниот став кој зрачи од наставниците прават нивните партнери да се чувствуваат позитивнo.

Наставниците знаат секогаш да се справат со непредвидливи ситуации

Наставниците за време на нивниот работен век се соочуваат со најразлични ситуации, речиси на дневна основа. Со цел да се избегнат катастрофални ситуации тие се трудат навреме да ги превенираат истите. Тие знаат да спречат панични ситуации, знаат да ја смират ситуацијата за да не се создаде хаотична состојба. Заради ваквата умешност на наставниците да создадат пријатна клима и опкружување нивните партнери се среќни што нив ги имаат како животни сопатници.

Наставниците се одговорни.

Наставниците се добро организирани во однос на она што работат, тие се одговорни како личности. Ова е заради тоа што кај нив работата се мери со точно определено време на активностите, па затоа од нив не очекувајте нешто да не завршат навреме или да доцнат. Кога станува збор за нивниот партнер, тие секогаш ќе најдат време за него.

Наставниците знаат како да комуницираат

Добрата комуникација ја одржува врската. Наставниците оваа способност ја градат благодарение на нивната професија. Тие знаат да го слушаат својот партнер без да го прекинуваат. За време на комуникацијата имаат одмерена невербална комуникација и знаат да го поттикнат партнерот целосно да се искаже за време на комуникацијата. За време на комуникацијата знаат да ги изнесат своите мисли и чувства, така што нивните партнери се секогаш на чисто со нив.

Даваат беспрекорна поддршка

Тие секогаш сакаат да го зголемат квалитетот на живот на нивните партнери. Тие ги поддржуваат и помагаат во она што работат. Тие секогаш веруваат во она што работат нивните партнери и никогаш не се откажуваат од нив.

Наставниците се страсни.

Наставниците не се тука само да ги подучуваат учениците, тие се тука за нив да ги поттикнуваат и да вдахнуваат страст кон правилните животни вредности. Кога станува збор за нивниот брак, тие даваат сè од себе. Тие секогаш се обидуваат да донесат правилна одлука. Тие секогаш се обидуваат да најдат решение за секој проблем. Наставниците секогаш ќе се обидат да го поттикнат најдоброто кај нивните партнери.

Наставниците знаат да се забавуваат.

Тие знаат како да уживаат и да се релаксираат по долгиот напорен ден. Заради тоа нивните партнери и нивните блиски сакаат да се околу нив, во нивна близина, затоа што покрај нив се чувствуваат одлично. Наставниците секогаш се тука за нив и затоа на нивните партнери и блиски пријатели никогаш не им е досадно.

Наставниците знаат како да сакаат.

Тие воопшто се грижат за луѓето. Наставниците не се себични и знаат да ги споделуваат нештата. Тие се исполнети со страст и енергија. Тие знаат да ги ценат своите партнери, и што е најважно, тие многу ги сакаат.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.