Students - Ученици

10 Совети како да ги вклучите учениците да одлучуваат, но и да носат одговорност

Вие како наставник сте личноста која управува со училницата, а тоа подразбира низа од активности, одговорноси и носење одлуки. Во однос на училничките активности, активно вклучете ги и учениците, и тие да имаат удел, посебно во делот на носење одлуки. Преку оваа постапка им се дава важност и значење на учениците, а за сметка на тоа кај нив се зголемува нивниот ангажман. Кога на учениците им се овозможува да имаат удел во контролата, одлучувањето и одговорноста при нивното образование, тие во однос на нивното учење и однесување ќе бидат многу поуспешни.

Од гледна точка на наставникот, како едукатор, давањето голема слобода на учениците во однос на управувањето и носењето одлуки може да звучи дискутабилно. Но вклучувањето на учениците да управуваат и носат одлуки, секако во консултација со нивните наставници, доведува до поголема ангажираност на учениците и поголема подготвеност во однос на предизвиците кои стојат исправени пред нив.

Во текстот што следи наведени се 10 области каде активно се вклучени и учениците да носат сопствени одлуки.

  1. Фелксибилност во однос на домашните задачи

Учениците често знаат да се пожалат во однос на домашните задачи. За да не биде ова пример, треба да им се дозволи на учениците и тие да учествуваат во изборот на домашната задача. Со давањето на оваа можност тие нема да имаат причина и понатаму да се жалат во однос на истата бидејќи и тие ќе бидат вклучени при нејзиниот избор. При изборот на домашната задача учениците не мора секогаш да бидат вклучени, но со нивното повремено вклучување при нејзиниот избор доаѓа до подобрување на ставот и мислењето на учениците во однос на домашните задачи.

  1. Различно мерење на постигнувањата на учениците преку тестирање

Многубројни истражувања покажале дека учениците не треба да се тестираат само на еден начин. При нивното тестирање треба да се имаат различно изготвени задачи. Еден начин е прашање одговор, друг начин е со избор на еден одговор од повеќе понудени одговори, трет начин е преку дополнување на исказите, а исто така може да се спроведе тестирање и преку поставување на 2-3 есејски прашања на кои ќе одговараат учениците. На ваков начин може да се согледа кој пристап за тестирање е поприфатлив за секој ученик, односно заеднички да се утврди како му е полесно и како подобро може да се искаже ученикот во однос на наставниот материјал кој го усвоил. Добар начин при тестирањето на учениците е прашањата да бидат поставени комбинирано, што значи да бидат применети сите четири начина на поставување на прашањата.

  1. Персонализирајте го наставниот материјал и барања во однос на учениците

Наставникот за каратко време ќе утврди кој начин на учење му е полесен на ученикот и преку кој начин на учење тој постигнува подобри резултати. Согласно тоа наставникот во договор со ученикот треба да изгради таков индивидуализиран пристап кон ученикот преку кој тој ќе постигнува подобри резултати. Истото се однесува и во однос на утврдувањето на наученото од страна на ученикот во однос на наставниот материјал.

  1. Креирање индивидуален распоред и начин за учење

Треба да се почне со дозволата учениците самите да креираат индивидуален распоред и начин како ќе учат (во однос на временска рамка на учење и начин на трансфер на знаење), а по извесно време самите да го ревидираат и да утврдат дали истиот е функционален и продуцира успех во однос на учењето. Ова може да се однесува и да важи за ученикот и во училиште и во домашни услови. Едноставно без наметнување, на ученикот му се дава можност самиот да креира сопствен распоред и начин на учење.

  1. Помош во однос на креирањето сопствени цели

Оваа активност треба да се преземе на почетокот од учебната година, преку упатување прашање „кои цели сака да ги реализира ученикот во текот на учебната година“?  Од учениците може да се слушнат најразлични размислувања кои може да бидат нејасни, недоволно прецизирани, но и реални, како и амбициозни. Затоа е тука наставникот, заедно со нив, да креираат јасни цели, стратегии и стандарди кон кои учениците треба да се придржуваат и да покажат одговорност во однос на нивното реализирање.

  1. Можност на учениците за сопствена самоевалуација

На учениците треба да им се даде можност самите да вршат самоевалуација во однос на нивното учење. Спроведувањето на самоевалуацијата може да биде на крајот на неделата или пак по реализација на одредена наставна тема. Преку самоевалуацијата ним им се дава можност да бидат одговорни во однос на нивното учење. На тој начин тие стануваат свесни и одговорни во однос на резултатите кои ги постигнуваат и начинот на нивната изведба со што тие стануваат одговорни при реализацијата на нивните поставени цели и квалитетот на потрошено време за нивна реализација.

  1. Побарајте од учениците повратна информација

Како наставници учениците ги оценуваме давајќи им повратна информација. Повремено добро е и од учениците да побараме повратна информација во однос на нашата работа како наставници (тоа може да биде општо или пак конкретно за некоја област, како се однесуваме, како предаваме или пак како испрашуваме). Целиот процес треба да биде анонимен, од делење на прашалниците, нивно пополнување па сѐ до начин на нивно предавање. Оваа постапка ќе им помогне на учениците да биде соодветно слушнато нивното размислување и да имаат конкретен удел во начинот на реализирањето на воспитно-образовниот процес.

  1. Запознајте ги учениците со начинот на оценување

На почетокот на учебната година кажете им на кој начин ќе бидат вреднувани резултатите од нивното учење. Исто така преставете им ги критериумите и стандардите во однос на оценувањето. На ваков транспарентен начин учениците нема да имаат сомнеж кон наставникот во однос на неговата праведност при оценувањето.

  1. Користете учење засновано на проекти

Во однос на одредена изучена наставна содржина или пак одредена тема, дозволете им на учениците сами да предложат сопствени идеи поврзани со проверка на нивното знаење, а искажано преку работа на одреден проект кој подоцна ќе го презентираат и ќе имаат можност да го согледаат сопствениот напредок и напредокот на нивните соученици. За таа цел во однос на оваа постапка треба заедничи со учениците да донесете критериуми и стандарди за вреднување на сработеното и да ги дефинирате чекорите и постапките за работа. На ваков начин учениците може да ја истакнат сопствената креативност, да стекнат одговорно однесување, да креираат сопствен начин на учење, да ги зајакнат сопствените истражувачки и комуникациски вештини итн.

  1. Заедничко носење правила за однесување во училница

Во креирањето на правилата за однесување во училницата подеднаков удел како наставникот треба да имаат и учениците. Тоа подразбира и тие самите да предлагаат правила. На ваков начин се зголемува грижата и општествената одговорност на самите ученици, а исто така самите треба да го почитуваат она што го предложиле. Во оваа прилика треба да се истакне дека правилата за однесување во училницата, покрај учениците, треба да ги почитува и самиот наставник. На ваков начин тој самиот дава личен пример кој треба да го следат учениците.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.