Teachers - Наставници

Улогата на наставникот за почетно ефикасно насочување и привлекување на вниманието на ученикот во воведниот дел од часот

Ќе започнеме со пример од секојдевието во наставата. Почнува час по географија, наставникот влегува во училница го запишува часот во дневникот за работа, а потоа прозива ученик од дневникот за работа и бара од него да најде одреден град на географската карта, ученикот го бара посочениот град се труди но не може да го пронајде, наставникот го враќа ученикот на своето место и истовремено во неговиот бележник запишува дека ученикот не знаел. Потоа наставникот повикува друг ученик пред географската карта да го најде бараниот град, но и тој не може да го пронајде на географската карта, па и нему наставникот во неговиот бележник му запишува дека тој не знаел, а потоа повикува трет ученик итн. Посочениот пример е само еден негативен пример на однесување на некои наставници, да влезе во училница, да го запише наставниот час и во дневникот за работа да бара ученици за испрашување. Штом наставникот почнува да прозива вниманието кај учениците почнува да слабее и кај повеќето ученици се јавува страв и неизвесност.

Со самото влегување на наставникот во училница тој треба да го привлече вниманието на учениците кон себе. Од тие причини неслучајно во литературата поврзана со наставната практика толку многу се зборува за надворешниот изглед на наставникот во однос на неговиот, став, држење, начин на облекување, начин на комуницирање итн. Пред да почне наставникот со своето предавање тој треба да најде начин како да го привлече вниманието на учениците, доколку тој го нема вниманието на учениците подобро да не започнува со реализацијата на часот бидејќи поголемиот дел од учениците нема да бидат сконцентрирани и присутни со мислите во однос на она што наставникот сака да реализира на часот. Наставникот мора да изнајде начин како да го привлече вниманието на учениците, а потоа да почне да предава. Наставникот во училница треба да влезе смирено, полека, без брзање и без нагли движења, да не е збунет и со празен поглед. При влегувањето во училница со насмевка да ги поздрави учениците и со поглед да ги опфати сите. Преку погледот наставникот го воспоставува првиот контакт со секој ученик во училницата. Тоа треба да биде знак дека наставникот подеднакво ги почитува сите ученици во училницата и истовремено бара и тие да го почитуваат него и да бидат посветени во однос на она што ќе биде предмет на реализација на наставниот час. Надворешен изглед на наставникот, неговата облека, начинот на однесување, начинот на комуницирање значително влијаат во воведниот дел на часот, но подоцна истите треба да бидат во втор план, акцентот трба да се стави на она што е предмет на реализација на наставниот час. Надворешниот изглед на наставникот многу зборува за неговата целокупна личност дури и во извесна мера и за неговата посветеност кон учениците и предметот кој го реализира.

Реализацијата на успешен воведен дел на часот и неговиот непречен тек во голема мерка зависат и пристапот на наставникот во однос на неговото планирање и подготовка на сите наставни нагледни средства. Од тие причини уште пред почетокот на часот наставникот треба да ги има обезбедено и подготвено за ставање во функција наставниот нагледен материјал за работа во воведниот и останатиот дел од часот. Ова значи дека за успешно привлекување на вниманието на учениците во воведниот дел од часот наставникот треба да има обезбедено соодветни услови за работа, опрема, нагледни средства, наставни помагала и опрема кои функционално може да ги примени во секој момент и во секој дел од часот. Под соодветни услови за работа се подразбира чиста и добро осветлена училница, проветрена и незадушлива, каде учениците ќе се чувствуваат пријатно. Опременоста на училницата подразбира соодветен и удобен мебел кој влијае на концентрацијата и ефикасноста во работењето. Боите на опремата и мебелот во училницата да бидат во соодветни бои согласно возраста на учениците, односно истиот да не биде во темни бои за да на учениците не делува депримирачки. Наставникот треба да има обезбедено и соодветни нагледни средства и наставен материја согласно наставната единица која ќе се реализира на часот и кои ќе му бидат на дофат во секој момент, а тоа подразбира, компјутери, проектор, смарт табла, фотографии, графикони, инструменти и алатки преку кои ќе го следи работењето на учениците, наставни листови итн. Во однос на воведниот дел од часот големо значење има и комуникацијата и говорењето на ученикот. Тој треба да зборува јасно и прецизно користејќи стандарден јазик. Во однос на прашањата треба да доминираат прашањата од отворен тип каде наставникот ќе ги поттикне мисловните процеси кај учениците, нивната креативност и иновативност. Неприфатливо е во праксата на наставниците да се испрашуваат само ученици кои креваат рака, во секоја паралелка има по 3-4 ученика кои се надарени во сите области, кои брзо размислуваат и затоа први се јавуваат да дадат одговор. Наставникот треба да има трпение да размислат поголем број од учениците во однос на поставеното барање, а не само да работи со 3-4 ученика. По прозивањето на ученикот наставникот исто така треба да биде трперлив, односно да му даде соодветно време на ученикот да размисли, а не веднаш, по неколку секунди, да побара одговор од друг ученик. Наставникот треба да ги подучува и насочува учениците одговрите кои ги даваат да бидат конкретни и да се однесуваат на она што тој прашал.

Од досега кажаново може да констатираме дека наставникот има една широка лепеза на начини и средства за привлекување и насочување на вниманието на учениците. Како поважни и позначајни може да ги истакнеме:

  • успешното планирање и навремено реализирање на наставниот час;
  • умешноста на наставникот да им даде до знаење на учениците дека за него се важни сите ученици од паралелката;
  • да ги насочи учениците кон целта која е предмет за постигнување на наставниот час;
  • да обезбеди соодветни услови и опрема за работа како и соодветни нагледни средства и наставни помагала кои ќе бидат во функција на успешна реализација на часот и
  • да воспостави правила на пристојно однесување и комуницирање во училницата.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.