Students - Ученици

ВИДОВИ ДОМАШНИ ЗАДАЧИ

Класификацијата   на  домашните  задачи  може  да  се  направи  според  различни

критериуми.

  1. Според општата цел:

1.1.   Домашни  задачи за продолжување  на работата  на часот – задачи за утврдување на новоучениот  материјал.  За нивно решавање  учениците  треба да применуваат вештини кои ги применувале во училницата.

1.2.  Домашни задачи како вовед во нова наставна единица – задачи и активности што непосредно ќе помогнат за воведување и совладување на новиот материјал, предвиден  за наредниот  час. Тоа се задачи  со кои учениците  се подготвуваат  за совладување на материјалот кој претходно не е обработен.

2. Според дидактичката цел:

2.1.  Домашни    задачи    за   репроруцирање    на   она   што   е   работено    на   часот    – наставниците  треба да ги избегнуваат  задачите кои бараат проста репродукција на знаењето,  односно  задачи кои се сведуваат  на препишување  формулации  од учебникот.

2.2. Задачи  за  примена  на  знаењето  во  нови  ситуации  –  добрата  домашна  работа секогаш  содржи  и  елементи  на  нешто  ново,  нешто  што  треба  ученикот  да  го примени во новонастаната ситуација. Тоа ги насочува учениците повеќе да се интересираат   и  ги  става   во  активен   однос,   како  на  пример   да  најдат   нови примери за наученото  правило,  да ги изработат  новите задачи на друг начин од оној што е работен во училиште  итн.

2.3. Задачи за систематизација  на усвоениот  наставен материјал  од една или повеќе тематски целини – на пример, наставниците  можат да ги зајакнат математичките вештини барајќи од учениците  да наоѓаат геометриски  форми во својот дом или да се избројат предметите  како што се прозорците:  вратите, приборот  за јадење, ногарките на масите и столовите, а потоа истите да се применуваат на математичките операции (множење, делење, собирање или одземање). Наставниците  можат да побараат  од учениците  и да читаат  весници,  списанија или Интернет сататии за да најдат нови зборови кои потоа ќе ги најдат во речник и сл. Тие можат да им зададат и други слични домашни задачи кои ќе им бидат интересни на учениците.

  1. Според техниката на изработување:

3.1.  Усни домашни задачи што подразбира  утврдување на материјалот од учебникот, усна   граматичка   анализа,   подготвување   одговори   на   поставените   прашања, доколку се бара да презентираат/репродуцираат информации  кои учениците  ги пронашле и обработиле итн.

3.2. Писмени   домашни   задачи,   може   и   во   електронска   форма,   во   кои   спаѓаат решавање математички задачи, писмено одговарање на прашања, пишување состави, реферати и сл.

3.3. Практични  домашни задачи со кои учениците  изработуваат  различни предмети, модели, справи, машини,  реализирање   различни експерименти, спроведување анкета и сл.

3.4. Комбинирани домашни задачи кои во себе ги содржат сите претходно споменати техники на изработување домашни задачи, како што се собирање податоци, изготвување проектна задача која треба да се заврши како резултат на истражувачки и менаџерски ангажман на учениците итн.

  1. Според бројот на учесниците во нивно решавање:

4.1.  Индивидуални    домашни   задачи   –   кога   секој   ученик   работи   самостојно   на зададена задача, на пример задачи кои се даваат на учениците кои заостануваат во  работата,  како  и задачи  наменети  за  напредните  ученици  кои  сакаат  да  го прошират своето знаење.

4.2. Групни  домашни  задачи  во  кои  учениците   заедно  планираат   и  изработуваат голем број проекти од различни области и наставни предмети.

У П А Т С Т В О за начинот и формата на  подготвување, планирање, задавање, реализирање и следење на домашните задачи на учениците во основното образование БРО

 

 

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.