School - Училиште

ИСТАКНУВАЊЕ НА НАСТАВНАТА ЦЕЛ ВО ВОВЕДНИОТ ДЕЛ ОД ЧАСОТ

Добро е учениците уште на самиот почеток од наставниот час да бидат информирани за задачите со кои ќе се сретнат и целите кои треба да ги достигнат. Во однос на целите истите не може да им се соопштат на учениците онака како што се напишани во наставната програма или во планирањата на наставниците. Што ќе разбере ученик од прво или второ одделени доколку целта им се цитира онака како што е напишана. Целите треба да се парафразираат при нивното соопштување, односно да се истакнат согласно возраста на учениците на јасен и за нив разбирлив јазик.

Активното ангажирање на учениците треба да се постигне уште во воведниот дел од часот. Тоа успешно се прави преку истакнување на целта која треба да се постигне на наставниот час. Преку најавувањето на целта учениците се запознаваат со она што треба да го усвојат и се концентрирани и насочени кон активностите преку кои треба да се постигне целта предвидена за тој час. На тој начин тие го мобилизираат своето знаење и внимание и се насочуваат во конкретен правец на делување. Истовремено се буди љубопитност кон нешто што дотогаш за нив е непознато или пак е недоволно познато.

Во однос на начинот и содржината на целта нешто претходно кажавме, но добро е уште да се каже дека таа може да се најави преку прашање, односно проблемска ситуација. Како ќе се најви целта многу зависи и од наставниот предмет. При најавување на целта наставникот треба да се движи во насока на мобилизација на вниманието и знаењето на учениците и поттикнување и насочување од она за што се дискутира во воведниот дел од часот, учениците сами да го откријат насловот на наставната единица и со сопствени зборови да ја формурилаат планираната цел која треба да се постигне на часот. Ваквиот, начин, преку поставување на прашање, односно проблемаска ситуација преку која се открива насловот и целта на наставниот час поттикнувачи и мотивирачки делува на учениците и таа мотивираност се пренесува на останатите фази од наставниот час. Целта која ја најавува наставникот не треба да биде кратка, но не треба да биде и обемна. Доколку е кратка кај учениците може да предизвика незаинтересираност, а доклоку е обемна учениците не можат адекватно да ја разберат, веднаш се јавува расеаност и она што сака да постигне наставникот, преку најавувањето на целта, постои опасност да се насочи во несакан правец. Од страна на наставникот целта не треба да биде најавена формално, најдобро е истата да произлезе неформолно преку разговор, или активностите поврзани со воведниот дел од часот. Пред завршување на наставниот час наставникот треба да се врати на поставената цел и заедно со учениците да констатираат дали истата е реализирана. Во однос на конкретната формулација на целта доколку таа не се изнесува преку поставување прашање или проблемска ситуација наставникот истата треба да ја истакне на следниов начин. „Ученици, денес ќе учиме лирски песни“. Кога часот е предвиден за повторување или вежби, доборо е целта да ја истакнат самите ученјици, а наставникот да го постави прашањето, „Што се договоривме, што ќе работиме на овој час“? Часовите кои се реализираат во работилница, лабараторија или спортска сала, покрај тоа што учениците на овие часови треба да се стекнат со одредени знаења, тие треба да се стекнат и со одредени навики и вештини. Во таа насока од страна на наставникот треба да биде изнесена целта или учениците да бидат поттикнати, тоа подразбира дека учениците треба да се свесни дека покрај стекнатото знаење тие треба да се стекнат и со навики и вештини како да го искористат тоа стекнато знаење. Доколку новата наставна единица за учениците не е позната по содржина и по име, бескорисно би било наставникот веднаш да го најавува насловот и целта кои се предмет на реализација на наставниот час. Истовремено тоа за учениците би можело да влијае депримирачки и одбивно бидејќи кон секое нешто што е ново човековата психа делува инертно, воздржано дури и одбивно. На пример, ако на учениците им се најави дека ќе учат за литота, метонимија итн., а учениците никогаш не слушнале за тие зборови може тоа да делува за нив одбивно. Во вакви случаи наставникот целта на часот треба индиректно да им ја најави на учениците, на пример „денес ќе учиме нова стилска фигура и ќе имаме можност да дознаеме како се применува истата преку примери“ или „денес ќе учиме нова математичка операција“ итн. Преку индиректен начин на најавување на целта може ненеаметливо и суптилно да се поттикне интересот на учениците. Во однос на истакнувањето на целта на часот од временски аспект, постојат различни размислувања од страна на дидактичарите, но најчесто целта поврзана со наставниот час се истакнува во текот на воведниот дел од часот или пак на самиот почеток од главниот дел на часот. За најдобар момент сепак се смета оној момент кога е создадена позитивна атмосфера, кога учениците се концентрирани и психички подготвени за понатамошна работа. Сепак, тој погоден момент за истакнување на целта не може точно да се измери кога таа да се изнесе. Тој момент се манифестира преку концентрираното внимание на учениците, тишината во училница, насочените погледи од учениците кон наставникот. Самиот наставник треба да го почувствува тој момент и притоа на еден ненаметлив начин без реметење на посакуваната атмосфера за работа да ја истакне целта поврзана со наставниот час.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.