Teachers - Наставници

Првиот чекор кон создавање наставничка креативност

Честопати како наставници во однос на одредена активност си го поставуваме прашањето, не сум баш сигурен/а од каде да почнам? Советите кои следат ќе ви помогнат полесно да го направите првиот чекор во однос на креативни активности во вашата училница.

1 Отвореност кон нови идеи

Понекогаш дури и наставниците на кои не им недостасува креативност и инспирација заглавуваат во секојдневни рутински активности, неможејќи да видат дека има други потенционално подобри активности да се заврши одредена работа. За да не се подпадне во светот на рутинските активности, треба да се биде отворен за нови идеи, иако истите може да изгледаат чудни на прв поглед.

2 Секојдневно користете интернет

Наставникот треба да има отворени видици, а тоа подразбира да не размислува во рамките само на ресурсите кои му ги нуди училницата и училиштето. Интернетот е една од тие можности. Преку него може да се најдат многу креативни идеи кои може да се применат во училницата.

3 Насочете се кон она што ве мотивира

Многу корисен начин за креативно размислување и поттикнување е преку насочување на мозокот кон она што кај човекот предизвикува возбуда и интерес. Возбудата и предизвикот го поттикнува и мотивира човечкиот мозок кон најразлични активности и креации. Едноставно, тие активности и креации наставникот треба да ги насочи во однос на неговата секојдневна наставничка работа.

4 Излезете од сигурната зона

Излегувањето на наставникот од сигурната зона подразбира справување со одреден предизвик кој обично не е познат или не е доволно познат, едноставно истиот претставува енигма. Наставникот треба да се фати во костец со таквиот предизвик и да од истиот го извлече она што го има замислено како нешто добро, функционално и корисно во однос на неговата работа. Секој страв за обид и излегување од сигурната зона доведува наставникот во однос на својата работа да стане монотон и стереотипен. Треба да се прифати предизвикот затоа што исходот од истиот може да биде возбудлив и повеќекратно позитивен.

5 Инспирационо место

Секој човек има свое место од каде ја црпи инспирацијата. Тие места може да бидат најразлични, дури понекогаш и чудни, несекојдневни. Најдобро е секој максимално да го користи тоа место како инспирација, креативност и поттик во однос на она што го работи.

6 Релаксирано

Иако има луѓе кои добро функционираат под стрес, повеќето луѓе добро функционираат кога се опуштени. Во такви ситуации, кога луѓето се поопуштени се и покреативни и пофункционални и создаваат многу поуспешни творби.

7 Идеите се насекаде

Идеите се секаде околу нас. На нив може да наидеме во секое време и на секое место, без разлика дали станува збор за реклама, туторијал, видео на YоuTube, детска игра итн. Од тие причини секогаш теба да се биде со отворен ум.

8 Хобито релаксира, мотивира и инспирира

Секој човек треба да има свое хоби преку кое тој ќе се релаксира и одмара. Преку него тој се опушта и истото му овозможува тој да ја обнови сопствената сила и енергија, да го надмине стресот, а потоа свеж и одморен да се врати кон своите работни обврски.

9 Следете ја страста

Кога силно посакувате нешто, останете на таа линија. Вашата желба и страст ќе ве одведе поблиску кон остварување на она што го посакувате и истовремено кај вас ќе ја поттикне возбудата, инспиративноста и ќе ве направи да бидете покреативни.

10 Физичка активност

Практикувањето на физичката активност покрај тоа што позитивно ќе делува врз вашето тело, преку неа внесувате и повеќе кислород во вашиот мозок, а на тој начин побргу и подобро размислувате.

11 Потиснете ги лошите мисли

Лошите мисли обично негативно влијаат кон напредокот и просперитетот. Од тие причини треба истите да ги занемарите и исфрлите од вашиот мозок за да ослободите во него место за нови идеи и инспирации.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.