Teachers - Наставници

Како да дојде до израз креативноста на наставникот?

Кога наставникот поседува креативност во себе истата треба максимално да ја валоризира. Жално е истата да тлее неискористена во него. Следуваат неколку насоки како истата да дојде до израз и да се искористи.

1 Фокусирање на сопствените ангажмани и потреби преку искористување на креативноста

Обично оние од опкружувањето на наставникот (колегите наставници и раководните структури од училиштето) кој важи за креативен имаат премногу барања и очекувања кои тој реално не може да ги спроведе секогаш како тие што замислиле и како тие што имаат потреба. За таа цел првенствено креативниот наставник треба да се фокусира и ангажира на сопствените активности и активностите поврзани со работењето на учениците, а не на потребите кои ги имаат неговите колеги и училишната раководна структура.

2 Развивајте ги креативните идеи, не дозволувајте тие да згаснат

Не е доволно само да се има креативна идеја, многу поважно е истата да се спроведе во реалност. Треба да се има време креативната идеја да се развива во нешто вредно и корисно. Посебно кога е таа е поврзана со наставата. Наставникот во оваа насока треба да им биде пример на учениците како креативната идеја се спроведува и истата функционира во реалноста.

3 Забележете ја креативната идеја

Креативната идеја не бира време и место каде и кога ќе се појави. За таа цел наставникот треба да биде подготвен истата да ја пренесе на парче хартија или пак да ја запише во електронска форма затоа што доколку таа се памти и се планира да се запише подоцна, сигурно одредени нешта поврзани со истата може да се заборават.

4 Самокритиката негативно делува на креативноста

Кога станува збор за креативноста, честопати самите на себе сме најголеми непријатели. Затоа, секој треба да работи на самиот себе што е можно помалку да биде самокритичен кога станува збор за креативноста. Едноставно да работи и да ја развива идејата без негативности и предрасуди.

5 Хранете го вашиот интелект

Како што му е потребна физичка активност на вашето тело, односно вашите мускули, исто така му е потребно јакнење и на мозокот, преку активности кои ќе го потикнат и поддржат неговото успешно функционирање. Во оваа насока за развивање на мозокот и човечкиот интелект неопходно е континуирано читање и запознавање со општествените новитети, посебно оние кои се поврзани со вашата наставничка професија. На тој начин наставникот ќе биде многу покреативен, а и веројатноста дека ќе се биде добар наставник е многу поголема.

6 Нештото работете го со љубов

Кога работите на одредено нешто, ќе се чувствувате поисполнето и покреативно доколку тоа го правите со љубов. Доколку тоа не е така, постојано ќе бидете под стрес и неизвесност и работите ќе се туркаат на сила. Како наставници сетете се колку вашата професија е благородна, таквите мисли ќе помогнат да се чувствувате поисполнети, поинспирирани и покреативни.

7 Креативноста црпете ја од секого и од секаде

За погоре напишаното мора да се има отворен поглед кон нештата и светот кој не опкружува. Инспирацијата и креативноста треба да се бара како во училницата, така и надвор од неа, во училиштниот двор, кај уличниот продавач, кај пекарот, во јавниот превоз итн.

8 Неуспехот нека послужи како поттик за креативност

„Идејата беше одлична, но не успеа и не вроди со плод“. Ваквиот исход не треба да ве разочара и демотивира, напротив, во неуспехот треба да ја барате можноста и вашата креативност и иновативност како нештото да го направите подобро како нештото подобро би функционирало.

9 Copy Paste не е вистинското решение

Во ред е да се користат туѓи идеи, но не треба истите да се применат во целост, баш онакви какви што се. Потрудете се вие таа идеја, односно производ или услуга да ја примените во услови кои одговараат за вашата училница и вашето училиште. Не го користете нештото во изворна форма каво што е, дајте му на нештото сопствен белег и адаптирајте го да функционира согласно вашите потреби.

10 Лудо, но функционира

Пред многу години имаше реклама чии слоган од прилика гласеше „Лудо, но функционира“. Праксата обично вели дека најдобрите идеи на прв поглаед звучат и изгледаат малку чудно, да не кажеме лудо. Секогаш треба да се трудиме предрасудите во однос на нештото да ги ставиме во втор план, посебно кога ги немаме и не ни се достапни сите потребни информации во врска со нештото.

11 Испитајте ги сите можности

Моментот кога ќе се предадете и ќе ги отпишете некои работи како невозможни, тоа е моментот кога ќе се предадете и ќе го ограничите вашиот креативен потенцијал. Никогаш не се откажувајте, секоја работа согледајте ја целосно, од секоја можност треба да се создаде прилика и позитивен исход.

12 Чудно, но креативно

Кога станува збор за креативноста чудноста е нејзин неминовен следбеник. Многу често креативните мисли и креативните активности кои на крај вродуваат со позитивен и иновативен исход, во прво време од поголемиот број лица од опкружувањето се пропратени со вчудоневиденост и недоверба.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.