Teachers - Наставници

Платите на македонските просветни работници се на дното, во споредба со земјите од регионот

Македонските просветни работници од претшколската возраст, основните и средните училишта, заостануваа зад нивните колеги од регионот во однос на големината на просечните плати. Недамнешните протести во Србија укажуваат на тоа дека и покрај тоа што српските просветни работници имаат поголема плата, од платата на национално ниво, сепак се незадоволни, додека слична е ситуацијата и во другите држави во регионот.

Платите на просветните работници во регионот се приближни или над платите на национално ниво. Така во Србија, плата на национално ниво изнесува 421 евро, додека платата во образование изнесува 443 евра, што е за 5,22 % поголема од таа на национално ниво. Во Бугарија нето платата изнесува 600 евра, а во образованието изнесува 461, односно е за 23,16 % помала од платата на национално ниво. Во Грција нето платата е 917 евра, а во образованието е 938 евра и е 2,29 % поголема од таа на национално ниво. Во Албанија просечната плата изнесува 330 евра, додека платата на просветните работници изнесува околу 300 евра, што е за 9,9 % помала од платата на национално ниво. Во Косово просечната плата е 504 евра, а платите во образованието изнесуваат околу 700 и се за 38,8 % поголеми од таа на национално ниво. Во Црна Гора просечната плата е 511 евра, а платата на просветните работници изнесува 485 евра. Ова покажува дека таа е за 5,8 % помала од платата на национално ниво. Во Хрватска платата изнесува 850 евра, додека во образованието платата се движи околу 700 евра, што е за 17, 64 % помала од платата на национално ниво. Во Босна и Херцеговина, платата на национално ниво изнесува 438 евра, додека платите на просветните работниците се движат околу 502 евра, што покажува дека таа е за 14,61% поголема од платата на национално ниво И во Словенија просечната плата изнесува 1090 евра, додека платите на просветните работници се движат околу 1000 евра, што значи дека таа е за 8,25% помала од платата на национално ниво. Во Македонија платите во образованието изнесуваат 325 евра, а платата на национално ниво изнесува 398 евра, што е за 18,34 % помала од платата на национално ниво.

Порталот Работник се обрати до Самостојниот синдикат за образование, наука и култура – СОНК, во однос на активностите, што синдикатот ги презема во дејностите од образование. Од СОНК истакнаа дека тие контиунирано бараат зголемување на платите во овие дејности, како со поднесување на писмени барања до ресорните министерства (Министерството за труд и социјална политика и Министерството за Образование и наука), така и со низа на јавни протести, коишто ги организираше во последните години во неколку градови низ државата. На последниот протест во Куманово, СОНК најави дека доколку Владата не излезе во пресрет на нивните барања ќе организира генерален штрајк.

Извор: https://rabotnik.com.mk/платите-на-македонските-просветни-ра/

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.