Teachers - Наставници

НАСТАВНИКОТ ДА БИДЕ ИНСПИРАЦИЈА ЗА УЧЕНИЦИТЕ

Покрај тоа што како наставник ќе бидете креативен и посветен, треба да бидете инспиративен и да им помогнете на учениците на кои им предавате преку ваш личен пример да ја откријат, прифатат и јакнат нивната креативна страна.

 1 Модел за кретивност

Наставникот доколку сака неговите ученици да бидат иновативни и креативни, тој треба преку неговото однесување и работење да им даде личен пример кои тие ќе го следат.

2 Шаблонско работење

Доколку секогаш работите по однапред установен шаблон, тогаш преку вашата активност нема да можете на учениците да им понудите, а воедно и да им бидете позитивен пример за креативност. Поттикнете во училницата, помеѓу учениците, различни размислувања и идеи без разлика на тоа дали тие се совпаѓаат со вашите.

3 Нека разноликоста ви биде од корист во однос на креативноста

Доколку учениците на кои им предавате се од различна верска и етничка припадност, искористете ја можноста за мултиетничка соработка на тој начин што ќе ги нагласите идеите и вредностите на разноликоста. Покрај што ова ќе биде од корист во однос на едукацијата, ќе помогне и ќе даде до знаење дека постојат повеќе начини како да се направи нештото.

4 Секој има одредена способност

Секој ученик на свој начин поседува одредени специфики и карактеристики кои го разликуваат од другите личности. Научете ги учениците како тие нивни карактеристики и одлики да ги насочат во однос на нивната креативност.

5 Поттик нештото да се гледа поинаку

Без разлика што во наставата има одредени законитости и дефиниции, обидете се учениците во однос на истите да ги предизвикатe барајќи од нив преку критички пристап да кажат нешто што би било во спротивност од воспоставената практика и како нештото би функционирало на поинаков начин. На ваков начин кај учениците се поттикнува љубопитноста и креативноста.

6 Повеќе начини да се реши проблемот

Како наставник дајте им можност на учениците во решавањето на одреден проблем да применат различни начини и пристапи. Помогнете им на учениците да бидат креативни во однос на решавање на проблемот, а за таа цел задавајте им проектни активности и задачи кои ги поттикнуваат и градат овие вештини.

7 Читањето ја поттикнува креативноста

Користете ја секоја прилика на учениците да им предочите дека читањето книги ќе им отвори многу врати во животот. Кажете им дека читајќи тие ги развиваат нивните мозочни виуги, доаѓаат до разни информации, а исто така се поттикнува и нивната инспирација. Посочете им дека е важно да се чита (книги, весници, списанија, дури и стрипови).

8 Поставување отворени прашања

Прашањата се од голема корист во градењето на креативноста кај учениците. Но, многу е важно на кој начин ќе се поставуваат тие. Креативноста кај учениците ќе се поттикне преку поставување на отворени прашања, преку кои прашања во однос на она што го бараме може да добиеме најразлични одговори. Затворените прашања бараат одговор во една рамка каде обично креативноста не може да дојде до израз.

9 Поврзување на идеите со искуството

Од голема важност во однос на креативноста е да им се помогне на учениците на тој начин што ќе ги поттикнете да ги поврзат нивните идеи и иновации со нивното претходно искуство. На ваков начин иновациите добиваат продлабочено значење и знаење.

10 Да им се даде на учениците можност да ја истакнат сопствената работа

Учениците, без разлика на нивната возраст, сакаат да го истакнат она на што работат, односно она што сработиле, без разлика дали нивната работа е поврзана директно со наставата или пак со слободните ученички активности. Оваа нивна тенденција за истакнување и презентирање на работата секогаш треба да им биде овозможена.

11 „Наставникот да биде природен“

Кога се вели „наставникот да биде природен“ се мисли на тоа наставникот да биде слободен во однос на начинот на избор како ќе ја реализира наставната содржина. Најбитно е тој истата да ја реализира на начин кој нему му е најблизок, но преку кој начин ќе се реализираат планираните наставни цели и наученото од страна на учениците ќе биде практично применето во нивниот живот.

12 Поттикнувајте ги учениците сами да носат заклучоци и дефиници

Во однос на она на што ги подучувате учениците, немојте никогаш вие да ги изнесувате заклучоците и дефинициите. Секогаш тоа нека го прават учениците, а ваша улога како наставници е да ги поттикнувате во однос на таа активност, да ги насочувате и коригирате.

13 Тимско работење

Тимското работење во голем број случаи продуцира креативно решение во однос на даден проблем. Во прилог на ова може да се додаде и поговорката „Повеќе глави поумно размислуваат“.

14 Позитивна реакција

Вашата позитивна реакција, како наставник, во однос на она што учениците добро сработиле, во голема мерка им годи. Тоа за нив претставува позитивна повратна информација која дополнително ги мотивира и стимулира.

15 Забавни активности

Секој наставник треба да се труди активностите кои ги реализира да ги има осмислено да бидат забавни, каде учениците ќе се чувствуваат опуштено и ќе имаат можност да го дадат сопствениот максимум.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.