Teachers - Наставници

Карактеристики на добро планираните домашни задачи

Кога наставниците  ги планираат  домашните  задачи   треба да ги имаат  предвид следните карактеристики: домашните задачи треба да бидат во корелација со наставните содржини; да се во функција на остварување на очекуваните резултати од учењето; да обезбедат  јасни  инструкции  за учениците  (пример,  наставникот  ги објаснува последователно  сите чекори и барања на задачата и е сигурен дека учениците  го разбрале); да  им посочат  на  учениците  материјали  и информации  кои  ќе им послужат  за изработување на домашната задача, а кои ќе бидат лесно достапни; да   не   бидат   премногу   долги   (задачите   не   треба   да  одземаат   голем   дел   од слободното време на учениците и не треба да предизвикуваат  замор); да  се  соодветни  на  возраста  на  учениците,  нивните  предзнаења  и способности (пр., ако прашањата се претешки учениците се демотивираат затоа што се чувствуваат  неспособни   да ја решат задачата, а со тоа се обесхрабруваат  и им се намалува самодовербата;  ако, пак, задачата е прелесна, не претставува предизвик за учениците,  а со тоа не е развојна,  бидејќи тие само механички  и формално  ја завршуваат); да       се   интересни    за   учениците    и   да  ги   поттикнуваат    на   понатамошно истражување и учење; да ја стимулираат креативноста и имагинацијата кај учениците; да ги поттикнуваат  учениците да соработуваат  со своите соученици при работата во групи  (пример, при изработка на проектна задача); да ги поттикнуваат учениците за развивање на дискусија на часот.

  • Домашни задачи кои не се препорачуваат:

      задачи кои немаат јасни и експлицитни барања; задачи за  чиешто  решавање е потребна интервенција од родител/старател; задачи кои бараат пристап до ресурси кои не можат да бидат достапни во домот, а кои претходно не се обезбедени од страна на училиштето, како на пример, определена технологија,  Интернет конекција, компјутерски  печатач, весници или списанија кои се тешко достапни за учениците и сл.; задачи кои бараат економски трошоци од семејството.

  • Улогата на ученикот во изборот на содржината   на домашната  задача

Услов за активна настава е да му се даде на  ученикот можност да направи избор помеѓу понудените  алтернативи.  На тој начин ученикот  презема дел од одговорноста  и активно  се вклучува  во активностите  во училницата  поради што овој пристап е високо ценет во воспитно-образовниот процес. Токму затоа учениците треба да имаат можност за избор и на домашните  задачи, со што би се обезбедила  можност за нивно независно извршување.   Допуштањето   на  избор  на  ученикот   околу  содржината   на  домашните задачи  е совршен  начин  за мотивирање  на учениците  за успешно  нивно  извршување. Така на пример, читањето  на слободна  литература  или т.н. читање  за задоволство  е од огромна важност и има клучно значење за развивањето љубовта кон читањето и создавањето  навика за читање и учење. Имено, љубовта кон читањето се стекнува само кога на ученикот му се остава право на избор што ќе чита. Барањата за читање само на задолжителната  литература  го намалува  задоволството  за читање кај многу ученици и создава одбивност  кон него и воопшто кон учењето.  Поради тоа,   покрај задавањето  на задолжителна литература, читањето на литература по сопствен избор треба да се практикува почесто.

Извор: У П А Т С Т В О за начинот и формата на  подготвување, планирање, задавање, реализирање и следење на домашните задачи на учениците во основното образование БРО

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.