School - Училиште

ВРШЕЊЕ СТРУЧЕН УВИД ВО ОСНОВНИТЕ И СРЕДНИТЕ УЧИЛИШТА

Согласно надлежностите утврдени со Законот за Бирото за развој на образованието советниците од Бирото вршат стручен увид во начинот на планирање и реализација на наставните единици, на оценувањето на учениците и на обезбедувањето  стимулативна средина при реализацијата на наставата од страна на наставниците, како и на примената на препораките дадени од посетите на наставните часови од страна на стручните соработници.

Стручниот увид треба да ги опфати следните аспекти:

  • непосреден увид во начинот на планирањата на наставните единици од аспект на целите, содржините, планираните активности, методите и техниките за реализација;
  • непосреден увид на реализацијата на наставните единици од аспект на целите и содржините на предавањата, примената на иновациите, наставните методи и техники и користењето на наставните помагала и начинот на обезбедување на стимулативна средина;
  • непосреден увид на начинот на планирање на оценувањето од страна на наставниците и проверка на спроведувањето на оценувањето;
  • непосреден увид во примената на препораките дадени од посетите на реализацијата на наставните едници од страна на стручните соработници.

Стручниот увид се планира со годишниот план за спроведување стручни увиди и според начинот на организацијата може да биде:

  • индивидуален (увид во работата на наставник по определен предмет) согласно Годишниот план за спроведување на стручните увиди, на барање на  ДПИ, училиштето и по проценка на советникот по соодветниот предмет или за одделенска настава;
  • групен (увид во работата на повеќе наставници во едно училиште) според годишниот план за спроведување  стручни увиди, по барање на  ДПИ, училиштето и по проценка на советникот од соодветниот предмет или за одделенска настава.

Стручен увид може да се изврши во текот на годината и надвор од годишниот план, по неодложно и итно барање доставено од МОН, ДПИ, училиштен одбор или друга институција.

За спроведениот стручен увид се изготвува извештај кој содржи наод од извршениот непосреден увид во кој треба да бидат опфатени  елементите од горенаведените аспекти што се предмет на стручниот увид. Извештајот од стручниот увид се приложува кон професионалното досие на наставниците и стручните соработници и се зема предвид при вреднувањето на наставниците и стручните соработници во интегралната евалвација спроведена од страна на Државниот просветен инспекторат.

За реализација на групниот увид се определува координатор (по правило одговорниот советник на училиштето, одговорниот на подрачното одделение на Бирото или друг советник назначен од раководителот на Секторот или директорот на Бирото).

Координаторот е задолжен да го планира и организира увидот  во училиштето.

Советниците го планираат и реализираат стручниот увид според поставените цели и процедури и по завршувањето подготвуваат извештај (според пропишана матрица) којшто  го доставуваат на одобрување до раководителот на одделението на коешто припаѓаат, а потоа до координаторот на увидот

Координаторот на групниот увид е должен по реализацијата  на увидот извештаите од поединечните стручни увиди да ги достави до училиштата како дел од професионалните досиеја на наставниците во коишто е вршен групен увид, а нивните копии да ги достави до раководителот на Секторот за професионален развој на воспитно-образовниот и раководниот кадар и советодавна стручна работа.

Извор: Упатство за вршење стручен увид и советодавна стручна работа и давање инструктивно-менторска помош на воспитно–образовниот кадар во воспитно-образовните установи – Скопје, ноември 2013

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.