Teachers - Наставници

Од наставник приправник до наставник експерт

Изведувањето на наставниот процес претстваува еден од најсложените интелектуални и емоционални процеси во заедницата, а учењето е целоживотен процес. Никој не е роден со дарба да знае како да подучува. Успешното учење почнува со добри совети и насочувања.

            Со цел подучувањето да биде во најголема мерка насочено кон поставената цел, на менторите им се потребни насоки и терминологија за опишување на комплексноста на наставниот процес. Оваа комплексност опфаќа две главни подрачја:

  • За што стручните наставници размислуваат и на што посебно обрнуваат внимание во својата паралелка/одделениe.
  • Какво е нивното мислење за тоа пред, за време и после наставата.

Тие знаења влијаат на начин на кој стручниот наставник ќе планира, решава проблеми и носи одлуки. За да стекнат практични знаења во настава, потребно е време. Преминот од наставник почетник до наставник експерт се реализира во фази прикажани во табелата која следи. Таму се идентификувани 5 фази (искуство од други земји).

ФАЗИ КАРАКТЕРИСТИКИ
НАСТАВНИК ПОЧЕТНИК Ги почитува правилата за водење активности.
ПОЧЕТНИК СО ОДРЕДЕНО ИСКУСТВО Ги истражува контекстуалните и стратешките знаења и почнува да разбира кога правилата се посакувани, а кога може да се кршат.
 
КОМПЕТЕНТЕН НАСТАВНИК Носи одлуки за тоа како да ги следи и усогласува своите активности за да би ги остварил целите.
НАСТАВНИК СО ИСКУСТВО Делува интуитивно од позиција, да се знае како, ги следи активностите во целост, било да се целите краткорочни или долгорочни.
НАСТАВНИК ЕКСПЕРТ Ги интегрира наставниците, и поставената задача, делува по автоматизам, за него постојат мал број неочекувани ситуации, ја контролира ситуацијата.

 Наставникот почетник– Наставниците приправници настојуваат да ги почитуваат правилата и процедурите. Со малото искуство, на кое може да се потпираат, тие се трудат да го копираат часот кој е опишан во методиката или прирачникот за наставници. Во почетокот има малку отстапувања од таквиот модел и не се посветува доволно внимание на индивидуалните потреби на учениците во паралелката. Наставникот приправник го реализира часот онака као што пишува во методиката или прирачникот, строго следејќи ја подготовката.

            Приправник со извесно искуство – Наставниците приправници кои се стекнале со одредено искуство, почнуваат да го менуваат редоследот на она што го предлага авторот на методиката, односно прирачникот и сè почесто почнуваат да ги применуваат советите на своите колеги. Почнуваат да ги препознаваат потребите на учениците и да се прилагодуваат на таквите потреби.

Компетентен наставник– Компетентните наставници се насочени кон реализација на целите, иако во наставниот процес наидуваат на одредени потешкотии. Тие знаат како да го сменат текот на часот со цел да одговорат соодветно на потребите на учениците. При планирањето и реализирањето на часот тие предвид ги имаат одредените специфични потреби на некои ученици и ги прилагодуваат некои делови од часот со цел на сите ученици да им овозможат развивање одредени вештини. Постојано го следат и проценуваат напредувањето на учениците, а тоа во голема мерка влијае во осмислувањето и планирањето на наставата. Прирачникот веќе не им  е водич во реализацијата на наставниот час.

            Наставник со искуство – Наставниците со искуство може да функционираат на повеќе нивоа истовремено. Тие ги поставуваат целите за целото одделение, за секоја паралелка, за секој ученик поединечно и за себе. Вешто ја организираат наставата која има краткорочна и долгорочна кохерентност.

            Наставник експерт – Наставниците експерти го прошируваат своето лично и професионално искуство во повеќе области во работењето на училиштето. Наставниците во оваа фаза ги предвидуваат потенцијалните проблеми и интервенираат пред проблемот да се појави. Тие лесно го применуваат широкиот репертоар на знаења и вештини во врска со учењето на учениците.

Преминот од почетник до експерт – првата фаза трае една година. Поголемиот број наставници ја достигнуваат фазата на компетентен наставник за три или четири години, додека само мал процент наставници ја достигнуваат фазата на искусен наставник, а уште помал број на наставник експерт. Напредувањето од наставник почетник до искусен наставник бара повеќе од едноставно стекнување искуство. Тоа на некој начин претставува индивидуално движење низ професионалното усовршување и развој на возрасни. Да се има вешт навигатор кој ќе го насочува курсот кон сигурни одредници значи да се има безбедно патување во кое може да се ужива. Вештиот ментор е опремен со карта, компас и правецот на движење му е многу добро познат.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.