Издвоивме 15 најсмешни и најневобичаени работи кои им биле кажани од страна на родителите на наставниците:
- “Моето дете е алергично на млеко, кажете им на другите деца во училиште да не носат млечни производи за ужинка”.
- “Прифатете ме за пријател на фејсбук за да можам да ве прашувам за домашните задачи кои им ги давате на децата, моето дете многу често заборава што има за домашна”.
- “Неделата пред Велигден моето дете ќе биде отсутно од училиште, одиме на продолжен семеен викенд. Ве замолувам да не предавате некој значаен материјал за време на часовите додека моето дете е отсутно”.
- “Малку сме разочарани како родители затоа што нашето дете сакавме да биде во одделението на вашата колешка (другата учителка)”.
- Родителите: “Ве молиме слободно да го удрите нашето дете ако непримерно се однесува…” Наставникот: “Не, тоа нема да се случи, има и други методи”. Родителите: “Не, слободно сторете го тоа, инсистираме!”.
- “Моето дете ми кажа дека не дозволувате в училиште да се носат домашните миленици, како родител сметам дека тоа од ваша страна како наставник е неетички”.
- Може ли кога давате тестови да нема временско ограничување бидејќи моето дете споро пишува… “
- До класниот раководител: „Ај некако да гледаме тројките и четворките на моево дете да ги направиме петки, сака да се запише на медицина“.
- “Јас како бизнисмен плаќам даноци за да вие наставниците земате плата, затоа сакам да го слушате мојот глас”.
- “Да ве замолиме повеќе да се потрудите во однос на наставата на децата, ќе имате налето слободни три месеци да се одморите”.
- “Може да ми објасните зошто моето дете по сите предмети има петка освен по вашиот предмет, нешто не е во ред со моето дете или со вас”?
- “Сметам дека домашните задачи немаат никаков ефект затоа забранувам на моето дете да му давате домашни задачи”.
- “Доколку барате училишен прибор за работа на вашите часови, зошто вие не им го купите, нели образованието е бесплатно”?
- Моето дете не е такво како го претставувате, тоа постојано учи дома, очигледно вие него не го сакате”.
- „Зошто да работам дома со моето дете, па нели тоа оди на училиште, што правите вие наставниците во училиште“.
Categories: Parents - Родители, Teachers - Наставници