Professional associates - Стручни соработници

Поими поврзани со емоционалната писменост во функција на воспитанието

Емоционалната писменост е поврзана со човечките чувства, истите трба да се насочат и поврзат со емпатијата, што би значело разбирање и сочувствување со лицата од нашето потесно и пошироко опкружување, правилно расудување и носење коректни и издржани заклучоци. Кога лицето е во состојба да ги разбере сопствените чувства и да ги поврзе со различните животни случувања, тоа станува способно да претпостваи како се чувствуваат другите луѓе кога се во исти или слични ситуации. На ваков начин се развива способноста за емпатија, соживување со емоциите и реакциите на другите. Емоционалната писменост има значајна улога во воспитниот процес. Слободно може да се каже дека таа многу малку е истражувана и поврзувана со воспитниот процес што претставува еден предизвик на кој може да се работи во иднина и во таа насока да се направат опсежни истражувања од каде би произлегле значајни дела и трудови. Емоционалната писменост ја карактеризираат апстрактни поими, кои слободно може да се каже дека доминираат и во воспитниот процес. За да полесно се разбере воспитниот процес во текстот што следи ќе објасниме одредени карактеристични апстракни поими кои ги поврзуваме со емоционалната писменост.

Желбата претставува чувство поврзано со нешто да се има, поседува, направи, постигне или оствари. Лицето чувствува желба кога некоја цел ја цени како вредна за реализирање. Желбата претставува значајна основна емоција при што претставува своевиден поттикнувач кој овозможува да се создаде позитивна врска со надворешниот свет на личноста.

Незадоволството или фрустрацијата е непријатно чувство која лицето ја чувствува кога не може да ја реализира и задоволи сопствената желба. Незадоволството или фрустрацијата може мотивирачки да влијае врз личноста во однос на вложување дополнителни напори со цел таа да ја реализира сопствената желба.

Задоволството претставува чувство на лицето кога тоа проценило дека ја има задоволено некоја сопствена желба. Целта на задоволството се состои во самонаградување на лицето за однесувањето преку кое однесување тоа ја постигнало целта, односно ја задололило својата желба. На таков начин тоа го развива, јакне и зацврстува сопственото позитивно однесување.

Среќата претставува интензивно, силно чувство на задоволство. Неја ја чувствуваме кога задоволуваме некоја многу важна или посакувана желба.

Радоста е посебен вид на задоволство која е поврзана со иднината. Радоста ја чувствуваме кога очекуваме дека во иднина желбата ќе ни се реализира.

Надежта е чувство поврзано со верувањата на личноста дека одредени нешта кои се надвор од неговата контрола и моќ ќе се реализираат според неговите желби и очекувања. Чувството за надеж се јавува кај лицето кога тоа ќе се најде во безизлезна ситуација која ситуација не може лесно да се контролира и е надвор од неговата моќ. Надежта е чувство кое се јавува во меѓучовечките односи кога лицето не може само да реализира одредена цел или да ја задоволи сопствената желба. Тоа се надева дека некој друг ќе му помогне во остварувањето на неговата цел, односно желба. Надежта претставува начин како лицето да го задржи своето уверување во одредено нешто онака како тоа смета дека треба да биде нештото. Моментот кога кај лицето згаснува надежта во однос на остварување на некоја желба, почнува да се јавува депресијата, очај и безнадежност.

Досадата е состојба кога лицето е свесно за настанатата ситуација, но тоа не може да излезе од истата заради одредени надворешни или внатрешни причини. Кога се јавува ситуација на досада лицето бесцелно ја троши сопствената енергија. Тоа потчукнува со прстите, се ниша на столче, чкрта бесцелно, ги грицка усните, бесцелно се движи лево десно итн. Досадата се одликува со состојба кога лицето знае што не сака, но не знае што сака.

Рамнодушноста се карактеризира преку изоставување на чувствата. Таа личноста ја доведува во инертност, лицето нема јасна дефинирана цел кон која би се стремело. Кога лицето покажува рамнодушност неговото такво однесување или состојба може да се толкува како негирање или отфрлање на одредени лица, нешта или вредности. Рамнодушното однесување е еден од начинити на покажување презир (омаловажување, потценувачки однос кон некого или кон нешто).

Осаменоста е чуство кое лицето го чувствува кога не е во друштво со лицата со кои би сакало да биде. Чувството на осаменост го поттикнува лицето да побара лица за дружење кои би му биле од значење во неговиот живот. Присилното осамување кое може да се должи на лични фрустрации, незадоволства, несогласувања се сметаат за силен облик на самоказнување.

Лутината се јавува кога лицето оценува дека неосновано е загрозено од страна на друго лице или лица преку нивното однесување. Кога лицето манифестира лутина кон друго лице му дава до знаење дека неговото однесување не е прифатливо и дека треба да го смени истото. Преку манифестирање на лутина лицето сака да го обликува светот и неговото опкружување по негова мерка и вкус. Лутината манифестира големо незадоволство кон нешто или кон некого.

Презирот се манифестира од страна на лицето кога тоа чувствува кон друго лице или лица потценување или омаловажување. Лицето кон кое се искажува презир се чуствува крајно отфрлено и неприфатено. Доколку тоа смета дека не треба кон него да биде манифестиран презир се чуствува навредено.

Зависта се јавува кај лицето кога тоа проценува дека некој друг не заслужува да биде позитивно вреднуван или награден затоа што тоа кон истата цел или заложба има исто или поголемо право. Зависта се манифестира на тој начин што лицето кое завидува на друго лице се соочува со туѓ успех, на кој се труди да не му даде значење, да го омаловажи тој успех или личноста која го постигнува тој успех. Презема активности каде го манифетира сопствениот успех со цел да го минимизира или целосно неутрализира успехот на другото лице.

Омразата се манифестира со силно чуство на непријателство, одбивност спрема некого или нешто. Лицето кое чувствува омраза кон некое друго лице смета дека тоа е злобно и ги загрозува неговите вредности за кое тоа се залага. Омразата е чувство кое го поттикнува лицето да го уништи или сузбие лицето или објектот кон кого е манифестирана омразата.

Инаетот се манифестира со упорно и намерно противставување на нечија желба. Инаетот кај лицето може да се јави кога тоа ќе процени дека другото лице манифестира неоправдано негативно мислење за него.

Стравот е состојба кога лицето неочекувано, непредвидливо и брзо е преплашено при што доаѓа до смена на дотогашната ситуација која може да биде животозагрозувачка. Лицето чувствува страв, чувствува дека му се загрозени некои негови вредности пришто не може адекватно да се спротивстави на силата која го загрозува и смета дека е добро да се одалечи од таквата ситуација која кај него предизвикува страв.

Паниката се манифестира со изненаден страв кој не може лицето да го надвладее. Во таква ситуација лицето чувствува дека се загрозени некои негови вредности, дека не може соодветно да се спротивстави на силата која го загрозува и не е сигурно дали може да ја надмине или да се тргне од ситуацијата каде тоа е загрозено.

Сомнежот претставува неувереност во вистината на нештото, состојба на душевна неувереност, колебање предизвикано со мачни мисли. Лицето чувствува сомнеж кога смета дека другото лице е со лоши намери, неспособна или недоследна за одредена акција.

Довербата ја толкуваме како верба, сигурност, увереност во искреноста, чесноста, добронамерноста, способноста и стручноста на лицето кон кое неа ја манифестираме. Личноста чувствува доверба кон лицето или субјектото за кој смета дека е добронамерно, чесно, доследно и способно. Довербата и сомнежот му помагаат на лицето подобро да се адаптира и однесува во опшественото живеење.

Страмот претставува непријатно чувство предизвикано од одредена лоша постапка. Страмоте е своевиден страв на лицето кој го чуствува во ситуација кога смета дека со своето неадекватно однесување или постапка допринесло некое друго лице или лица кои за него се значајни да создадат негативно мислење за него.

Гордоста е чуство на супериорност над другите, истовремено е еден од седумте смртни гревови. Лицето се чувствува гордо кога ќе процени дека со негови одредени постапки придонело за него да се изгради позитивно јавно мислење посебо во повисоките општествени кругови.

Почитта се искажува преку уважување на некоја личност. Тоа е чувство кога лицето за друго лице верува дека поседува одредени квалитети кои високо се ценети и рангирани.

Самопчитта претставува почитување на самиот себеси. Лицето чувствува самопочит кога смета дека поседува квалитети кои самиот високо ги цени и рангира. Самопочитта може да биде и лажна односно фактички неоснована.

Вината претставува одгворност за сторен престап или одредена грешка. Кога лицето ќе процени дека со својата постапка предизвикало одредена штета или непријатно чувство на другиот чувствува вина. Чувството на вина го поттикнува лицето да ја поправи или надокнади несаканата штета која тоа ја има предизвикано. Чувството на вина влија лицето да се трансформира во позитивна личност.

Љубовта претставува длабока емотивна наколонетост, силно чувство кон некого. Љубовта претставува пријатно чувство кое лицето го чувствува кон друго лице кое го доживува како исклучително вредно и го смета за составен дел од својот живот.

Љубомората преставува чувство на завист кон некого поради нешто. Љубомората претставува своевиден страв која лицето ја чувствува кога ќе процени дека постои одредена опасност дека лицето кон кого е насочена љубовта постои можност да сака некој друг. Љубоморат се манифетира и кога лицето чувствува одредена завист кон некое друго лице.

Тагата може да се толкува како душевна болка, сочувство, сожалување. Лицето може да чувствува тага во ситуација кога ќе процени дека неправедно губи нешто кое за него е од големо значење и за кое е емоционално врзано.

Смешното чувство претставува пријатно чувство кое е предизвикано неочекувано на креативен начин. Насмевката е продукт на смешното чувство и во тој случај лицето се чувствува пријатно.

Приредил Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.