Students - Ученици

Правилна ориентација на учениците –желбите се едно, а можностите сосема нешто друго

Евидентно е дека професионалната ориентација во училиштата во нашата земја е на многу ниско ниво. На истата треба да ѝ се даде многу поголемо значење, посебно во основното образование. Интересите и афинитетите на учениците во однос на нивната професија треба да се следат хронолошки уште од нивната рана возраст преку формирање посебен дел во ученичкото портфолио токму за оваа намена. Едно е ученикот да има желба да се занимава со одредена професија, но друго е колку тој е успешен и какви се неговите предиспозиции во однос на истата. Едно е ученикот да сака да биде професионално ангажиран во одредена бранша, а друго е колку неговите резултати се на високо ниво во таа област. Може тие да не бидат просечни, туку да бидат потпросечни. Во оваа насока релевантните претставници од училиштето треба да им ја посочат реалната ситуација на учениците и нивните родители и да им посочат во која област нивните деца покажуваат подобри резултати и согласно тоа учениците да се поттикнуваат, мотивираат и насочуваат во таа насока. Од тие причини секој наставник треба да помине основно ниво на обука која ќе биде поврзана со кариерниот развој на учениците, а сите претставници од стручната служба треба да поминат обука од високо ниво во однос на кариерниот развој на учениците. Во овој контекст треба да постои и поголема вклученост на државата, односно институциите кои ја креираат образовната политика.

Учениците треба да ги насочиме на правилен избор при определбата за идната професија согласно нивните желби, но не запоставувајќи ги и посочувајќи им ги и нивните можности.

Координацијата на двете министерства, Министерството за труд и социјална политика и Министерството за образование и наука, кои се носители на кариерниот развој на населението во нашата земја се на ниско ниво и не постои координација и соработка на високо ниво. Незамисливо е земја со повеќе од 20% невработеност да има дефицит од човечки ресурси за одрдени профили за работа.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.