Professional associates - Стручни соработници

Кариерниот развој во однос на наставниот и стручниот кадар од училиштата мора да профункционира под итно

Наставникот, односно стручниот соработник кој ќе ја има улогата на ментор на наставникот приправник, односно стручниот соработник приправник треба да биде докажан професионалец со богата професионална биографија во однос на предметот кој го реализира и воопшто во целокупниот воспитно-образовен процес. Од тие причини диференцијацијата на наставниците и стручните соработници позната како кариерен развој на наставникот, односно стручниот соработник треба да профункционира што е можно побргу. Ова е појдовната точка за креирање еден квалитетен образовен систем, каде новиот наставник, односно стручен соработник пред себе ќе има адекватен модел кој ќе му биде поттик уште од нивните први професионални денови како просветно лице.

Кариерниот развој во однос на наставниот и стручниот кадар од училиштата мора да профункционира под итно. Крајно време е да се направи соодветна диференцијација затоа што сите наставници и стручни соработници не смее да се стават во ист кош. Ангажманот и квалитетот на работа на одредени наставници и стручни соработници отскокнува од другите во позитивна смисла, но тие за истото не уживаат никаков бенефит, не се наградени и респектирани за нивниот ангажман и квалитет во работата.

Во однос на посветеноста на работните задачи кои се поврзани со професијата наставник има различни видови наставници. Може да сретнеме наставници кои со своите работни активно продолжуваат веднаш штом ќе дојдат дома и посветуваат уште толку време колку што посветиле на активностите во училиште, подготувајќи планирање за утрешниот ден, изготвувајќи нагледни средства, осмислувајќи наставни техники, форми и методи на работа. Честопати заради нивната преголема анагажираност и посветеност на работата знаат да трпат нивните брачни партнери и нивните деца, едноставно трпи нивниот приватен и семеен живот. Ваквото нешто не е дозволиво. Наставникот и по врачањето дома треба да направи одредени подготовки во однос на наставниот период кој следи, но сето тоа треба да биде добро испланирано и ускладено за да не трпат дома неговите најблиски, едноставно тој треба да има време да посвети на семејството и неговиот приватен живот.

Од друга страна пак има наставници кои воопшто не се посветени на нивната професија. Во однос на планирањето и подготвувањето за на час, единствено што имаат е еден или дава листа хартија А4 формат (зависно од неделниот фонд на часови) на кои се напишани насловите на наставните содржини кои ги реализираат, за да им послужат да ги напишат во училитшниот дневник за работа. Овие наставници воопшто не се ангажираат околу планирањето на наставата, едноставно не знаат ниту како изгледа наставната програма. Едноставно го реализираат само она што е дадено во учебникот.

Истата ситуација е и со стручните соработници, како со ангажманот и посветеноста на наставниците.

И во едниот и во другиот случај не е во ред и едните и другите да се ставени во ист кош и да ги уживаат истите привелегии, посебно во финансискиот дел, платата. Мора да се направи јасна динстинкција со што едните наставници во однос на другите наставници ќе имаат поголема плата и ќе бидат соодветно респектирани во општеството. Ваквата состојба со сигурност ќе влијае и во поттикнување на квалитетот на образованието во една земја бидејќи оние кои нема да бидат препознати како квлитетни и посветени, ќе останат на истите примања и привелегии како и општествен статус како од претходно за разлика од нивните колеги кои ќе имаат поголем личен приход, поголеми привелегии и кои во заедницата ќе бидат препознаени како квалитетни едукатори. Ваквата состојба ќе доведе и оние наставници кои недоволно се трудат и вложуваат во однос на својата работа да се труда и повеќе да се ангажираат со цел да не бидат оквалификувани како неспособни во она што го вршат како професија, а тоа е реализација на воспитно-образовен процес.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.