School - Училиште

Умотворенија за воспитанието и образованието

  • Не секој може и треба да биде наставник. Лицето кое решило да се занимава со оваа професија треба да знае дека таа е негова примарна работа, а не негово хоби.
  • Ниту едно човечко суштество за време на целиот живот не може да каже: „моето образование заврши“.
  • Најголемиот успех наставникот го постигнува кога ќе ги научи учениците како да учат.
  • Сите вработени во училиштето треба да имаат на ум дека училиштето е институција кој е создадена за потребите на учениците, а не за потребите на наставниците.
  • Наставникот треба да биде поттикнат и мотивиран од помислата дека неговата работа ќе продуцира личности кои ќе придонесат за подобро утре, просперитет и научно-технолошки напредок на општеството.
  • Образованието е нешто што денес сите може да си го дозволат, на формален или неформален начин.
  • Секоја информација искористена на правилен начин претставува богатство.
  • Наставникот кој е подготвен континуирано да учи, подготвен е да ги подучува и учениците. Истовремено се поставува прашањето: Како наставникот кој не е подготвен професионално да се усовршува ќе ги мотивира учениците да учат кога тој самиот не е подготвен на таков чекор?!
  • Од наставникот се очекува неговите размислувања, видувања и критики да бидат конструктивни и поткрепени со докази и факти, бидејќи тие се авангарда во општеството и од нив треба да започнат сите општествени промени. Доколку нивните изјави и критики се неосновани и паушални тие сакајќи или не сакајќи ќе допринесат до хипокризија, деструкција и општествена криза каде секој ќе кажува и критикува неосновано и каде деструктивното ќе се смета за модерно и напредно.
  • Секоја држава не треба ни да помисли штедењето и рестрикциите да ги прави во делот на образованието.
  • Наставникот преку учениците го менува светот, но за да го смени светот прво треба да е подготвен да се менува себеси.
  • Животот е најсуровиот, но истовремено и најреалниот учител.
  • Наставникот не смее да греши бидејќи последиците може да бидат далекусежни, не е исто како и во другите професии. На пример, ако во една конфекција се произведат кошули со одреден недостаток, истите може да се продадат по минимална цена со цел да се надоместат основните производствените трошоци или пак едноставно истите ќе се отстранат и нема да се пуштат во продажба. Но што ќе се случи доколку се произведе една лоша генерација ученици? Дали таа може да се тргне настрана од општественото живеење? Замислете ги несаканите далекусежни последици од таквата грешка!
  • Големите промени кај големите луѓе започнуваат со промените направени врз самите себе.
  • Добриот наставник го краси способност да поседува клуч со кој буквално ќе допре до срцето и душата на секој ученик.
  • Образованието ја разобличува лагата и ја истакнува вистината.
  • Образованието и слободната мисла секогаш треба да се надополнуваат.
  • Она што сме го платиле повеќе го цениме од она што сме го добиле бесплатно, без разлика на квалитетот.

Умотворенија од Ј.Б.

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.