Students - Ученици

„Не го сакам училиштето“ – како да го мотивирате немотивираниот ученик

Секој наставник во својата кариера имал ученик на кој му предавал, а кој ученик често јавно истакнувал дека „Не го сакам училиштето, не сакам да одам во училиште“. Овие ученици многу често сакаат да бидат осамени, се повлекуваат во себе во однос на светот кој ги опкружува. Ваквите ученици не треба да бидат занемарени, односно запоставени. Напротив, наставникот кон овие ученици треба да има посебен пристап преку кој ќе ги поттикне и инспирира активно да се вклучат во училиштниот живот.

„Не го сакам училиштето, не сакам да одам во училиште“ е предупредување од ученикот

Секој наставник кој ќе слушне негативни искази од својот ученик во однос на образованието и она што тој го работи нема да му биде мило бидејќи тој самиот најдобро знае колку труд вложува во однос на наставата и она што го реализира. Овие зборови не треба едноставно да бидат занемарени од настваникот, тие всушност претставуваат крик од ученикот дека нешто се случува со него додека е тој в училиште, тие зборови се крик за помош која наставникот треба да му ја понуди на ученикот иако тој првично можеби и ќе ја одбива, но со сигурност истата нему му е неопходна и многу потребна. Обично непријатностите и одбивањето на ученикот се поврзани со училиштниот систем, или пак со активности поврзани на директен или на индиректен начин со училиштето и училиштниот живот. Обично децата кои јавно и демонстративно го негираат училиштето и она што е поврзано со него не можат да ги поднесат „училишните стеги“ и „ограничувања“. Од тие причини на учениците треба да им се даде слобода на движење изразување и однесување. На тој начин кај нив до израз ќе дојде нивната инвентивност и креативност. Сите принципи и норми поврзани со образованието на учениците треба да им бидат претставени на еден ненаметлив начин, преку кој самите ученици ќе разберат дека  во училиштето треба да се почитуваат одредени правила и да се применуваат одредени однесувања преку кои ќе биде претставено правилното и прифатливо однесување, како што е насекаде во сите сфери од човековиот живот.

Слушнете го и разберете го ученикот

Една од важните работи кои трба да ги знае наставникот е таа дека ученикот ако не го сака училиштето не значи дека не го сака и учењето или наставникот. Генерлно гледано секој човек сака да осознава нови работи, тоа се прави со учење. Истото е и со учениците, тие се љубопитни и сакаат да дознаваат нови нешта и нови работи, а тоа значи дека сакаат да учат. Главната работа на наставникот, без разлика на неговата возраст и работен стаж е тој сè да стори учениците да не се почувствуваат отфрлени од училиштето и училиштниот систем. Наставникот треба да се запраша себеси кои пораки ги добива ученикот од учелиштето што не го сака? Кои субјекти може да ги решат проблемите на ученикот? Каков пристап треба да се изгради кон ваквиот тип на ученик?

Воспоставување адекватни врски

 Доколку ученикот не сака да се движи и да оди кон учењето, тогаш учењето треба да се движи и да се донесе кај него. Сите треба да знаеме дека учениците сакаат да учат и да ги добиваат информациите од личностите кои ги сакаат и почитуваат. За таа цел со учениците треба да се градат социо-емоционални односи, а тоа подразбира градење на адекватна и здрва училишна клима. Училишната клима меѓудругото подразбира градење на меѓусебна доверба на релација ученик-наставник. Меѓусебната доверба ќе доведе до евидентен успех и тоа на сите полиња: учење, однесување, постигнување успех, зголемен ангажман, мотивација итн.

  Креирајте успех

Ништо не инспирира како успех. За учениците кои не го сакаат училиштето, наставникот треба да креира одреден успех преку позитивна повратна информација или љубезен однос кои позитивно и поттикнувачки ќе делуваат на ученикот за будење на неговиот интерес.

  Поттикнување на претходното знаење

Секој ученик поседува одредени знаења. Работата на наставникот е истите да ги открие и поттикне. Наставникот треба да најде начин да го поттикне знаењето на учениците за она што тие од претходно знаат, а е поврзано со новата тема која треба да се изучи. На тој начин учениците ќе се почувствуваат вредни и корисни.

Трпеливост со учениците

Наставниците мора да бидат трпеливи и истрајни во работата со учениците кои одбиваат да учат. Тие треба континуирано да работат на нивното активирање и канализирање во воспитно-образовниот процес. Најважно што треба да знаат и за што треба да бидат свесни е тоа дека е потребно време, упорност и истрајност.

Ј.Б.

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.