Teachers - Наставници

11 Изненадувачки статистички податоци кои го сумираат животот на еден наставник

Животот на наставникот од надвор гледано изгледа одлично и оние кои не се инволвирани во воспитно-образовната дејност знаат да искоментираат дека на лето наставниците се слободни три месеци, а на зима уште еден месец, секоја сабота и недела се дома, а истото важи и за државните празници, и да, супер им е тоа што во денот работат само по неколку часови. Но, дали е баш така како што изгледа за оние од надвор. Секако дека не е. Во текстот што следи ќе бидат изнесени 11 изненадувачки статистички податоци поврзани со животот на наставниците но за истите треба да се напомене дека се однесуваат за Америка (САД). Многу лесно додека го читате текстот можете да направите паралела и со животот на нашите наставниците, како и нивното место и влијание во општествениот живот во нашата држава.

  1. Наставникот просечно троши 500 долари сопствени финансиски средства во текот на една година за неговите потреби поврзани со наставата која ја изведува.
  2. Просечните работни активности на наставникот врзани со неговата работа изнесуваат 50 часа во текот на една недела.
  3. Наставникот годишно прекувремено работи повеќе од 400 часа – училиштниот ден на наставникот никогаш не престанува.
  4. 30% проценти од наставниците имаат друга дополнителна работа за да го зголемат семејниот буџет.
  5. Повеќе од 65% од наставниците на своите ученици им плаќале или сè уште им плаќаат за нивните оброци, патувања или некои други нивни потреби.
  6. Голем број од луѓето, конкретно 88%, сметаат дека наставникот во нивниот живот „имал значително позитивно влијание“.
  7. За време на есента и зимата (во поладните месеци од годината) еден од тројца наставници купил некое парче топла облека за своите ученици кои за тоа имале потреба.
  8. Во Америка (САД) околу 3,5 милиони ученици секоја година завршуваат средно образование и сите тие имаат позитивно искуство и сеќавања на најмалку еден наставник.
  9. Голем процент од луѓето и тоа 98% веруваат дека наставникот може да го смени текот на животот на ученикот во позитивна насока.
  10. Наставникот треба да знае дека е припадник на една од најголемите професии по број на чинители, во земјата (во САД) таа бројка изнесува 3,1 милион наставници.
  11. Имајќи го предвид нивото на одделение и бројот на ученици во учебната година каде предава наставникот, просечниот наставник во текот на неговиот работен век позитивно влијае на повеќе од 3.000 ученици.

 

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.