School - Училиште

Умотворенија за воспитанието и образованието (2- дел)

  • Ентузијазмот и упорноста се главните и појдовни нешта кои на секој човек ќе му овозможат да заврши високо образование.
  • Континуираното движење напред (без разлика на темпото на движење) е добар знак, битно е да не застанете, ако застанете новитетите ќе ве затрупаат во минатото.
  • Наставникот треба да биде модел за учениците, реализирајќи квалитетна настава, соодветен пример кој ќе го следат.
  • Ќе завршиме голема работа ако децата ги учиме нешатата да ги гледаат и од опачината.
  • Новото време од наставникот бара континуирано, низ целиот образовен процес, да го подучува ученикот на животните вештини.
  • Не го презирајте непријателот, оној што не ви мисли добро и лажниот пријател, од нив може да научите многу работи.
  • Пред да побараат наставниците од учениците да ги почитуваат нормите поврзани со начинот на облекување, навременост, пристојно однесување тие први треба да ги почитуваат истите норми. Преку нивното соодветно однесување тие ќе им дадат позитивен пример на учениците како треба да се почитуваат прифатливите норми.
  • Самиот процес на образование знае да биде и горчлив, но крајнио исход од тој процес секогаш е сладок.
  • За разлика од минатото, денес образованието ни е секојдневно на дофат, секојдневно го носиме во својот џеб (паметните телефони).
  • Успешните луѓе имаат воспоставено добра кохабитација помеѓу работата на срцето и работата на мозокот.
  • Наставникот треба да биде стручњак во својата работа, посебно во односно на предметот кој го предава; да знае што треба да им понуди на учениците; да знае како да го направи тоа; соодветно да ги детектира нивните потреби за знаење. Покрај тоа што наставникот треба да е стручен, тој треба да е и добар воспитувач, да ги знае основните постулати на воспитанието и согласно нив соодветно да делува во однос на правилното воспитување на учениците.
  • И најтешката работа ако ти претставува задоволство додека ја работиш нема да ти претставува никаков товар или потешкотија.
  • Ученикот самиот треба да го одбере образованието и струката, а не родителот преку него да ги реализира своите неостварени соништа.
  • До некои наставници (сами ќе се прпознаат) – секоја чест што едуцирате деца, но време е и да си ги создадете.
  • Наставникот покрај теориско знаење на учениците треба да им понуди практично применливо знаење кое тие ќе го применат во реалниот живот.

Умотворенија од Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.