School - Училиште

КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО (за ученици)

Куќниот ред на училиштето (наменет за учениците) треба да биде во пишана форма и достапен за секој ученик. Во него треба да се содржани сите пропишани правила на однесување кои треба да се почитуваат и применуваат од страна на сите ученици во училиштето. (Секако куќен ред на училиштето покрај за учениците треба да има и за наставниците, но за тоа во некоја друга прилика). Следува предлог Куќен ред за училиштето наменет за учениците кој како таков може да се модифицира и да се прилагоди согласно условите и опкружувањето каде функционира училиштето.

КУЌЕН РЕД НА УЧИЛИШТЕТО

  1. Настават во училиштето започнува во 7.30 часот (прва смена) и 13.10 часот втора смена.
  2. Секој ученик должен е да биде в училиште најдоцна 10 минути пред започнување на часот.
  3. Забрането е доцнење на часовите, истото нема да биде толерирано.
  4. Секој ученик задолжително в училиште треба да ги носи и употребува наставните помагала (учебник, тетратка и друг предвиден училиштен прибор за непречено одвивање на наставниот процес).
  5. За време на часот треба да се почитуваат правилата во училницата кои заедно ги имаат донесено наставникот и учениците.
  6. За време на часот забрането е конзумирање храна и пијалоци.
  7. Во училиште треба да се доаѓа облечен согласно правилата за облекување кои се составен дел од Училиштниот кодекс.
  8. Облеката и апликациите на облеката не треба да бидат провокативни и навредливи.
  9. Секој ученик треба да внимава на личната хигиена и да се грижи за хигиената во училиштето.
  10. В училиште забрането е носење предмети кои го загрозуваат животот (огнено оружје, нож, боксирач, палка итн.).
  11. В училиште забрането е да се носи и употребува алхохол, цигари и опојни супстанци.
  12. Употребата на мобилните телефони е усогласена со правилата кои важат во училницата, а донесени од наставникот и учениците.
  13. Училиштниот инвентар (клупи, столчиња, врати, прозорци, шкафови, училишни изработки, инвентарот во тоалетите и самите тоалети) треба да се чува, а доколку истиот е оштетен, сторителот треба да биде санкциониран.
  14. Учениците треба пристојно да се однесуваат во училница, во училиштниот ходник и двор за време на училиштните одмори.
  15. Наставниот час не се напушта без потреба и без дозвола на наставникот.
  16. Во училиштето не е дозволено без никаква потреба присуство на ученици од други училишта.
  17. Забрането е непристојно однесување и конфликтни ситуации со соучениците.
  18. Забрането е кон соучениците и наставниците обраќање со погрдни и непристојни зборови.
  19. Забрането е насилно и физичко однесување кон соучениците и наставниците.
  20. В училиште потребно е почитување на наставниците, другите вработени и учениците во училиштето.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.