Students - Ученици

Одделенски час / час на одделенската заедница

Во нашиот образовен систем согласно наставниот план за основно и средно образование овој час годишно е застапен со по 36 часа, односно еден час во неделата. Истиот во образовниот систем започнува да се реализира од второ одделение од основното образование па сè до четврта година во средното образование. Часот наменет за реализација од страна на одделенскиот раководител претставува основна рамка на работа со учениците од паралелката. Тоа е време кога одделенскиот раководител системски е посветен и се занимава со учениците, односно нивните потреби согласно нивниот развоен период, возраст и сфери на интересирање. За време на одделенскиот час, како што популарно е наречен во јавноста, одделенскиот раководител учениците ги подучува на различни вештини поврзани со животот, развивајќи ги нивните ставови, и погледи кон начинот на живеење кои ќе им бидат потребни и од големо значење во текот на целиот нивен живот. На овие часови се реализираат цели преку теми и наставни содржини кои ги надминуваат содржините на другите наставни предмети. На овие часови преку работата на одделенскиот раководител учениците стекнуваат и развиваат различни компетенции поврзани со различни животни подрачја. Преку реализација на содржините предвидени за овој час на учениците им се овозможува да станат што е можно посамостојни преку собирање, анализирање, организирање поврзување и адекватно користење информации преку наставните средства, наставните техники и методи кои ги користи одделенскиот раководител. На овие часови преку организирање работилници  одделенскиот раководител учениците ги става во позиција да планираат и проценуваат одредени состојби, а потоа во однос на истите треба да осмислат постапки и да преземат конкретни активности. Потоа во однос на исходите треба да дебатираат или да изнесуваат мислења на ниво на паралелка. Доколку одделенскиот раководител сака неговиот час да биде успешно реализиран треба да има посебен пристап кој ќе биде заснован на соодветен педагошки принципи. Доколку преку одделенскиот час на учениците им бидат задоволени и исполнети очекувањата, нивните интереси и потреби, кај нив ќе се зголемат, односно ќе зајакне мотивацијата за понатамошно учење за сметка на различните негативни влијанија кои може да го попречат посаканиот развој на учениците. Во однос на реализацијата на одделенските часови, праксата покажала дека тие се реализираат како последни, први или кога наставникот има празен час (пауза) помеѓу часовите за кои се стручни па преку одделенскиот час ја затвора таа пауза. (Како одделенски раководители преку вашето досегашно искуство вршејќи ја таа позиција самите проценете кога е најдобро и кога има најголем ефект да се реализира одделенскиот час). Реализацијата на одделенскиот час има најголем ефект кога тој се реализира преку работилници. Имајќи ги предвид карактеристиките на учениците согласно нивниот развоен период и возраст. За време на реализацијата на содржините поврзани со одделенскиот час, одделенскиот раководител најдобро е истите, како што претходно беше кажано, да ги реализира преку работилници. Работилниците во својата суштина содржат игровни активности, учениците во тој контекст, односно на тој начин  повеќе сакаат да учат, а степенот на ангажирање на секој ученик значително е поголем.

Ј.Б

Advertisements

Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Промени )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Промени )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.