Uncategorized

Дали соодветно се прославува Денот на независноста – 8 Септември

Денес е значаен ден за нашата држава, се слави Денот на независноста, еден од најзначајните празници, денот кога Македонија официјално ја стекна сопствената независност и стана самостојна држава со сопствен идентитет (кога станува збор за поновото време на живеење).

Веднаш сакам да поставам едно прашање, „Дали Денот на наезависноста соодветно се празнува во нашата земја“!? На ова прашање ќе дадеме едно наше видување и размислување со кое читателите може, но и не мора да се согласат.

Според нас на овој величествен празник не му се дава доволно внимание и истиот доволно не се чествува, барем не онака како што треба и како што доликува. Во многу случаи се сведува на меѓусебно честитање во фејсбук и вибер групи. Оваа состојба на несериозен пристап кон чествувањето на државните празници не беше пример кога живеевме во една друга држава, СФР Југославија. Во тој период сите државни празници се празнуваа на еден величествен начин, посебно во училиштата, што денес во нашата држава не е пример. Што е со нас, што се случува, дали како народ сме го изгубиле чувството за државнотворност!?

Доколку прашаме наши сограѓани, посебно оние од помладите генерации, кој празник е денес и зошто истиот се празнува, еден добар дел ќе имаат проблем соодветно да одговорат. На овој празник, а и на добар дел од другите празници се гледа како на можност за продолжен викенд и можност да се замине кај нашиот јужен, евентуално источен сосед на одмор и релаксација.

Во однос на училиштата и прославата на овој празник состојбата е разочарувачка, барем во училиштата во општината каде живеам и околните општини. Слободно можам да кажам дека во ниту едно училиште не се случи ниту еден настан во чест на Денот на независноста на нашата држава. Сигурно ваква била состојбата и во многу други училишта во нашата држава. Тука да потенцираме дека оваа состојба е евидентна повеќе години наназад. Доколку вака се однесуваме кон државните празници, а за жал се однесуваме, како сакаме нашите деца да си ја сакаат сопствената држава да имаат чувство за државнотворност и да размислуваат за неа и за нејзиниот просперитет. Наместо тоа сите размислуваат како да заминат од неа.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.