Teachers - Наставници

10 Нешта за Питер Табичи од Кенија – најдобриот наставник на светот за 2019 година кој освои 1 милион долари

Наставникот Питер Табичи во конкуренција од 10.000 наставници од 179 земји е најдобриот наставник на светот за 2019 година. Наградата е признание за неговата работа и посветеност за образување на ученици во руралниот дел на Кенија.

За време на доделувањето на наградата тој изјавил „Јас сум тука заради успехот кој го постигнуваат моите ученици. Оваа награда ним ќе им даде дополнителна шанса. Таа им кажува на светот дека тие можат да сторат сè“.

Ова се 10 работи кои треба да ги знаеме за Питер Табичи:

  1. Тој дава голем процент од својата плата

Табичи дава 80% од својата плата за поддршка на учениците во училиштето каде предава, Средното училиште Керико во оддалеченото село Пвани, Накуру. Паричната помош оди за учениците  кои не можеат да си дозволат училишни униформи или книги. Учениците се од социјално загрозени семејства. Многу од учениците се сирачиња кои ги изгубиле своите родители.

  1. Питер Табичи е свештеник (монах)

Тој е член на францисконскиот религиозен поредок, член на католичкиот верски поредок основан од Свети Френсис од Асишки во 13 век.

  1. Тој има 36 години

Питер Табичи го истакнува потенцијалот на младата популација во Африка и вели: „Младите во Африка повеќе нема да бидат спречени од нивните ниски очекувања. Африка ќе создава научници, инженери, претприемачи чии имиња ќе бидат еден ден познати низ целиот свет, а девојките ќе бидат составен дел од оваа приказна“.

  1. Наставник по наука

Питер Табичи е наставник по наука, како што рековме, работи во средно училиште каде што скоро третина од децата се сирачиња или имаат само еден родител. Сушата и гладот ​​се составен дел во местото каде тој работи. Училиштето има сооднос ученик-наставник од 58 на 1. Неговата цел е да ги поттикне аспирациите на учениците и да ја промовира каузата на науката, не само во Кенија, туку и низ цела Африка.

  1. Неговата мајка починала додека тој бил млад

Мајката на Табичи починала кога имал само 11 години, оставајќи го со  неговиот татко, кој бил учител во основно училиште. Татко му не се грижел само за него, туку и за неговите браќа и сестри. Кога Табичи ја примал наградата, тој му се заблагодарил на неговиот татко кој бил дел од публиката и го повикал на сценат, а многубројната публика го поздравила со громогласен аплауз.

  1. Училиштето во кое работи е во очајна состојба

Кениското училиште управувано од владата каде Табичи е учител има само еден компјутер и лош пристап до Интернет. Училиштето исто така нема библиотека и нема лабораторија. Многу ученици во неговото училиште страдаат од злоупотреба на дрога, рана бременост на тинејџерите, рано напуштање на училиштето, стапување во брак на многу млади години и самоубиства.

Заради лошите интернет конекции тој мора да оди во интернет-кафе, кое не е близу до местото на работење и живеење, а со цел да обезбеди наставни ресурси за предавање, а за сето тоа тој плаќа од  свој џеб.

  1. Викендите ги поминува воспитувајќи ги децата

Покрај тоа што тој донира голем дел од својата плата, Табичи  ги минува викендите во воспитување и подучување на децата. Еден од неговите главни предизвици е да ја убеди локалната заедница да ја признае вредноста на образованието. Тој често ги посетува семејства чии деца се изложени на ризик да го напуштат училиштето. Тој, исто така, активно се обидува да ги смени размислувањата на семејствата кои очекуваат нивните ќерки да стапат во брак уште на рана возраст, ги охрабрува да ги задржат своите ќерки на училиште.

  1. Неговото прво патување со авион

Првиот пат на Табичи во авион е доаѓањето во Дубаи, каде се случи доделувањето на наградите за најдобар светски учител. Тој, на ова доделување имал можност да запознае светски ликови, се запознал со актерот Хју Екмен и принцот на Дубаи, Шаик Хамдан бин Мохамед бин Рашид Ал Мактум.

  1. Тој ги смени животите на своите студенти

И покрај сериозните пречки со кои се соочуваат Табичи и неговите студенти, тој преку ова признание ќе може дополнително да им помогне на многумина да останат на училиште, да се стекнат со одредени образовни квалификации за меѓународни натпревари во науката и инженерството и да одат на колеџ.

  1. Тој доби специјално признание од претседателот на Кенија

Кенискиот претседател Ухуру во видео порака наменета за Питер Табичи изнел: „Питар, твојата приказна е приказна за Африка, млад континент кој нуди таленти. Треба да ми веруваш дека најдобрите денови на Африка се пред нас и твојата приказна ќе го осветли патот за идните генерации .”

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.