Uncategorized

Системи на воспитување

Воспитанието како процес е испрепрплетенео и се надополнува со други човечки активности. Од тие причини секое добро организирано општество големо внимание посветува на воспитанието и кон истото има посебен систематски пристап. Во денешно време за воспитанието не се грижат само одредени лица, тоа буди посебен интерес и е широко организирано во целото општество. Од тие причини слободно може да кажеме дека чинителите на воспитниот процес се разновидни и во однос на истото имаме голем општествен интерес. Кога зборуваме за воспитни системи тука ги вбројуваме сите чинители кои на директен или индиректен начин учествуваат во општествениот допринос и воспитување на единката како составен дел од општеството. Денес е многу тешко да се состави една листа со учесници кои партиципираат во воспитувањето на младите и возрасните, а уште потешко е истите да се рангираат по приоритет. Ова произлегува од таму што одредени чинители кои некогаш имале одлучувачка улога во воспитниот процес како што биле верските установи, главата на семејството и постарите луѓе, денес имаат помало влијание, а нивното место го заземаат други чинители како што се печатените и електронските медиуми, јавните манифестации, општествените трендови и др. Сите набројани чинители меѓусебно се разликуваат и карактеризираат со посебни одлики и имаат различен пристап кон воспитанието како процес, но нивниот интерес и цел е иста. Од денешна гледна точка големо значење и улога во воспитанието имаат: семејството, детските градинки, училиштата, врсниците, општествените организации, средствата за масовна комуникација.

Семејството во воспитниот процес има многу значајна улога. Тоа претставува основа каде единката уште од најмали нозе почнува да се социјализира. Семејството има големо значење за целокупниот развој на личноста вклучувајќи го и воспитниот аспект. Родителите како составен дел од семејството педагошки влијаат во градењето на личноста на детето. Од тие причини нивниот однос и поставеност кон детето многу влијае како тоа воспитно ќе се обликува. Не помалку важна улога во градењето на воспитната култура кај единката има и целокупната семејна клима. Детето како дел од семејството треба да почуствува љубов, мир и семејна хармонија. Семејството како општествена појава има значаен допринос во градењето на емоционалната и воспитната вредност кај детето.

Детската градинка е институцијата, после семејството, каде едниката се социјализира и воспитно се гради како личност. Во детската градинка во однос на воспитувањето на детето значајна улога имаат воспитувачите кои секојдневно работат со него. Оваа институција претставува прва општествено системска заедница каде детето од неговата најрана детска возраст почнува системски да се воспитува. Секако, и родителите се тука да помогнат околу полесно вклопување и доживување на средината со која детето како организиран систем кој е надвор од семејството до сега се нема сретнато.

Училиштето претставува институција со организиран систем за стекнување на вештини и знаења на учениците. Училиштето претставува многу важна институција каде учениците се воспитуваа и формираат сопствени ставови и градат сопствено мислење во однос на вредностите, општествените норми и стандарди и севкупното општественото живеење. Училиштето како воспитно-образовна институција на поединецот му создава услови тој полесно да се интегрира и вклопи во општеството. Тоа системски и организирано влијае на позитивниот развој на личноста.

Врсниците имаат големо значење во градењето, формирањето, развојот и социјализацијата на една личноста. Врсниците меѓусебно формираат групи со различни погледи на светот и општеството каде живеат. Таквите групи имаат важна улога во градењето на животниот систем на младите; нивниот животен стил; развивање на различни интереси; начин на облекување; начин на забавување; начин на говорење и изразување. Врсниците и групите кои тие ги формираат му придаваат големо значење на другарството и пријателството како значаен социјален феномен.

Општествените организации се од јавен интерес и имаат значајна улога во општествениот живот на еден организиран систем. Општествените организации имаат различни цели, намени и интереси за кои се формирани. Истите имаат важна улога во градењето на интересите на индивидуите. Овие организации имаат изграден систем на позитивни вредности преку кои, меѓу другото, и воспитно влијаат во градењето на една личност.

Средствата за масовна комуникација влијаат на брза дистрибуција на сите информации кои непречено, брзо и лесно допираат до јавноста. Овие средства за масовна комуникација се јавуваат во печатена и електронска форма. Преку нивната разновидност и содржина имаат големо влијание во однесувањето на младите и градењето на различни вредности и интереси кај истите. Средставата за комуникација имаа секојдневно влијание на личноста на поединецот во градењето на нивното размислување, однесување и ставови. Нивното влијание е секојдневно и долготрајно.

Од претходно кажаното може да заклучиме дека воспитанието не го варзуваме тесно само со семејството и училиштето, покрај нив постојат и други организирани системи каде поединецот се воспитува и гради како една општествена корисна личност. Денес воспитниот процес се одвива непрекинато преку целиот живот на човекот како состевен дел од неговиот личен живот.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.