Teachers - Наставници

Планирање и програмирање на работата на одделенскиот раководител

Покрај планирањето и програмирањето на работните задачи на одделенскиот раководител на почетокот од училишната годинана како стручен наставник, а кои задачи се поврзани со предметот кој тој го реализира, тука треба да се смета и планирањето и програмирањето на работните задачи на одделенскиот раководител, а кои се поврзани со реализацијата на одделенскиот час и неговото работење со учениците, пред сè во однос на воспитната компонента, но не само работењето со учениците, тој во овој дел треба да ја планира и програмира и работата со другите субјекти (наставници, стручна служба, училиштен директор, родители итн.) како одговорен наставник на паралелка во училиштето. Одделенскиот раководител при планирањето и програмирањето на наставата како стручен реализатор на наставен предмет има конкретен наставен план каде е посочено одделението, односно годината во која предава (во него се содржани: наставен предмет, негови специфики и неделен фонд за реализација), а има и Наставна програма структуирана со општи и конкретни цели за реализација, наставни содржини, поми, активности и методи, дидактички препораки, оценување на постигањата на учениците, потребни просторни услови за реализација на конкретниот предмет, норматив за наставен кадар и очекувани резултати. Во однос на реализацијата на одделенскиот час, односно часот на одделенската заедница истиот е содржан во наставниот план со неделен фонд за реализација. За истиот има прирачник со содржини од ОЖВ (Образование за животни вештини). Тука треба да се напомене дека повеќе од 7-8 години нема семинари и обуки за одделенските раководители кои се имаат вработено како наставници во овој временски период во насока како да ги реализираат наставните содржини од претходно споменатиот прирачник. При планирањето и програмирањето на работните задачи на одделенскиот раководител не помалку важни се и задачите кои се поврзани со законската регулатива, а кои задачи се однесуваат на работење со учениците, соработка со родителите, соработка со другите наставници, соработка со претставниците на училишната стручна служба, соработка со директорот на училиштето, соработка со други стручни служби надвор од училиштето. Овие работни задачи адекватно и според одредена динамика треба да бидат вметнати за реализација во програмата за работа на одделенскиот раководител.  При планирањето и програмирањето на работата на одделенскиот раководител потребно е да се внесе максимална флесибилност во однос на прилагодување на моменталните воспитни проблеми кои може да произлезат во текот на наставната година во паралелката со која одделенскиот раководител управува. Одделенскиот раководител треба добро да ја познава воспитната ситуација во паралелката и согласно неа да ги планира разговорите со учениците, родителите, другите наставници (колегите), како и другите одделенски раководители, да консултира и проучува стручна литература која ќе му помогне успешно да ја планира, програмира и реализира задачата на одделенски раководител. Во однос на успешното планирање и програмирање на работата, одделенскиот раководител најдобро е да направи анализа на целокупната состојба на паралелката со која раководи . Анализата ќе му помогне да утврди соодветни мерки за постапување во однос на целокупниот воспитно-образовен процес во паралелката. Како показатели на општата воспитно-образовна состојба во паралелката може да бидат: придржување кон правилата за куќен ред, изостаноците на учениците, успехот на учениците, односот на учениците кон наставниците и соучениците како и другите вработени во училиштето и лицата со кои соработува училиштето, социјалната структура на учениците, соработката со родителите, општественото опкружување итн. Посочените показатели за анализа на воспитно-образовната ситуација во однос на планирањето и програмирањето на работата на одделенскиот раководител како што претходно кажавме се универзални насоки и се однесуваат општо за работењето на секоај паралелка. Ако се навлезе подлабоко во оваа проблематика ќе се констатира дека структурата и спецификите на учениците од една паралелка бараат дополнителни анализи во однос на планирањето и  програмирањето на работата на одделенскиот раководител и согласно тоа посебен пристап. Тој пристап, заснован на планирање и програмирање согласно структурата на паралелката и спецификите на учениците ќе се состои од добро познавање на воспитно-образовната  политика на училиштето, способноста и подготвеноста на наставникот за интеракција, поседувањето на емпатија во комуникацијата, познавање на специфичните потреби на учениците од паралелката со која раководи, спремност да сослуша и да биде сослушан, демократско управување со паралелката итн. Наведените насоки се во контекст на општествените случувања поврзани со новото време кое го носи 21 век каде училиштата го следат чекорот на новите општествени промени и каде училиштето и наставниците го имаат ставено ученикот. Одделенскиот раководител е многу значајна личност во животот на учениците, посебно тоа е забележително во предметната настава, а како поткрепа на тоа се одредени емпириски и теориски истражувања. Овој податок одделенскиот раководител секогаш треба да го има на ум.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.