Teachers - Наставници

Тема за дилема: Наставниците, треба да носат училишни униформи!?

Училиштето е образовна институција каде учениците не треба да се делат по ниту една основа: нација, религија, боја на кожа, социјала итн. Од тие причини многу училишта овој проблем го решиле на тој начин што за учениците вовеле училишни униформи. Но, за жал, при тоа заборавиле една работа, а тоа е да се воведат и униформи за наставниците. Со воведувањето на униформи за наставниците исто така ќе се решат претходно споменатите проблеми кои се однесуваа и за учениците.

  1. Наставниците јасно ќе се разликуваат од учениците

Денес реално гледано помладите наставници потешко се разликуваат од учениците, ова важи во однос на учениците од погорните одделенија од основни училишта и учениците од средните училишта. Доколку наставниците носат униформи јасно ќе се идентификуваат во однос на учениците, а со самото тоа уште на почеток ќе бидат превенирани некои несакани и непредвидени потенцијални ситуации.

  1. Униформата да биде класична и да одговара на возраста на сите наставници

Кога наставниците би носеле униформа, таа треба да биде класична и да одговара на возраста на сите наставници, без разлика на тоа дали станува збор за наставник кој штотуку е вработен или наставник кој има уште неколку месеци до пензија. Исто така униформата која би ја носеле наставниците треба да биде удобна и пријатна за носење, но исто така треба да биде и функционална за да наставникот непречено ги реализира сите обврски поврзани со наставата.

  1. Униформата да биде бесплатна – да ја обезбедува училиштето

Имајќи ја предвид наставничката плата, која навистина не е многу голема, училишната униформа за наставниците не би требало да ја набават (купат) самите наставници. Униформата треба да им биде доделена бесплатно, односно истата да биде обезбедена од страна на училиштето или пак од надлежните образовни институции.

  1. Униформата да ја бираат наставниците на ниво на училиште, а не да им биде наметната од директорот

Имајќи предвид дека училишната униформа ќе биде составен дел од дрескодот на наставниците и тие во неа ќе бидат еден добар дел од денот, дизајнот и бојата на униформата треба да биде избрана од страна на самите наставници. Во никој случај истата не треба да биде избрана од страна на директорот на училиштето или пак од други надлежни образовни институции.

  1. Нема да биде истакната социјалната разлика помеѓу наставниците

Социјалните разлики не се евидентни само кај учениците, социјалните разлики постојат и кај наставниците. Некои наставници може да си дозволат да носат скапа и брендирана облека, а пак други наставници не можат да си го дозволат тоа. Доколку наставниците носат училишни униформи социјалните разлики кои произлегуваат од нивната различна облека не би постоеле. Во тој случај евидентна би била само стручноста и квалитетот на наставникот.

Ј.Б.

Advertisements

Leave a Reply

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out /  Change )

Google photo

You are commenting using your Google account. Log Out /  Change )

Twitter picture

You are commenting using your Twitter account. Log Out /  Change )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out /  Change )

Connecting to %s

This site uses Akismet to reduce spam. Learn how your comment data is processed.