Category: Teachers – Наставници

Поучување и учење (Наставник – советник) (Професионални стандарди за наставник – советник)

Наставникот – советник е препознаен како квалитетен наставник не само во сопственото училиште, туку и во пошироката професионална заедница. Тој е познат по внесување и промовирање иновации во наставата, не само во училиштето во коешто работи, туку и меѓу колегите од другите училишта. Поседува знаења за истражување во […]

Знаења за наставниот предмет и за воспитно-образовниот систем (Професионални стандарди за наставник – советник)

Теориските и практичните знаења на наставникот – советник за предметот и дисциплините на кои ги поучува учениците и знаењата за вредностите и поставеноста на воспитно-образовниот систем на Република Македонија треба да ги надминуваат знаењата и компетенциите на наставник – ментор. Наставникот – советник поседува продлабочени знаења и разбирања […]

ПРОФЕСИОНАЛНИ СТАНДАРДИ ЗА НАСТАВНИК-СОВЕТНИК (Појдовни основи)

При изготвувањето на Професионалните стандарди за наставник – советник се поаѓаше од следниве определби: Надградување на стандардите на Основните професионални компетенции за наставници и Професионалните стандарди за наставник – ментор. Наставникот – советник се одликува со тоа што како наставник – ментор покажал дека е лидер во квалитетот […]

VI – (Подрачје) Професионален развој и професионална соработка (Наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот – ментор повеќе од другите наставници е посветен на сопствениот и професионалниот развој на сите во училиштето. Постојано е во тек со новините во наставата и пошироко во образованието, ги знае различните можности за професионален развој,  сопствен и на колегите, и ги споделува со нив. Самоиницијативно користи […]

V – (Подрачје) Комуникација и соработка со семејството и заедницата (наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот – ментор е препознаен како наставник што има добри комуникациски вештини како во наставата така и во комуникацијата со пошироката општествена заедница. Тој наставните содржини ги презентира јасно, го држи вниманието на учениците, соодветно реагира, вербално и невербално, на ниво на однесување. Во комуникацијата има изградено клима […]

IV – (Подрачје) Социјална и образовна инклузија (Наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот ментор, покрај тоа што успешно ги вклучува во наставните и воннаставните активности сите ученици со коишто работи почитувајќи ги нивните различности, своите знаења, разбирања и вештини за инклузивно образование ги користи за развивање пристапи целото училиште да биде инклузивно. За таа цел тој се вклучува во истражувања […]

III – (Подрачје) Создавање стимулативна средина за учење (Наставник – ментор) (Професинални стандарди за наставник-ментор)

Наставникот – ментор има визија за тоа каква треба да биде училницата (кабинетот) која ќе биде соодветно место за учење на наставниот предмет што го предава. За таа цел тој долгорочно работи на обезбедување на потребните наставни средства од кои голем дел ги има изработено сам или со […]